Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО го осомничи „дил ориентед“ тимот Груевски, Јанакиески и Пешевски

3
By Нова ТВ on May 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот премиер Никола Груевски е првоосомничен во случајот „Траекторија“ што денеска го објави Специјалното јавно обвинителство. Тој заедно со уште тројца поранешни високи владини функционери го оштетиле буџетот за сума од 155 милиони евра, при изборот на кинеската компанија која ги градеше автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Освен Груевски, осомничени во случајот се и екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, како и уште еден бивши функционер.

Станува збор за изборот на кинеската компанија „Синохидро“. Како што соопшти обвинителката Фатиме Фетаи, четворицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, односно местење на тендерот за изградба на двете делници, со цел „Синохидро“ да ја добие зделката.

Целата ујдурма според доказите на СЈО се одвивала во втората половина на 2012 и текот на 2013. Главен „мозок“ на „Траекторија“ бил Груевски, кој ги давал насоките на останатите осомничени.

„Осомничените изборот на изведувач требало да го направат според македонското законодавтсво, а потоа целата проектна документација да ја достават до Кина, односно до сите компании кои се квалификувани за вакви проекти. Но, тие тоа не го сториле. Туку документацијата ја доставиле само до две кинески компании. Во јануари 2013 година тројцата осомничени, поттикнати од првоосомничениот, иако биле доставени две понуди од компании од Кина, воделе преговори само со една компанија. Втората компанија дополнително доставила пониска понуда од фаворизирана фирма, но ваквата понуда осомничените ја скриле и не ја евидентирале никаде и парафрирале договор со компанијата која имала повисока понуда“.

„Дил ориентед“ 

Во прислушувани материјали беа објавени разговори меѓу екс премиерот Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески како договараат кинеска компанија да ги гради автопатите на исток и на запад.

Според објавените телефонски разговори, се договара провизија од 5 проценти или 25 милиони евра и иако во план било да се изберат две фирми, потоа се одбира само кинеската компанија да ги гради двата автопати Миладиновци –Штип и Кичево-Охрид.

Разговор меѓу Груевски и Јанакиески

НГ: Кажи ми сега за овие жутиве, каква е динамиката? Кога они доаѓаат, кога поднесуваат и кога се преговорите?

МЈ: Значи, на 29-ти во 10 им е кажано, може да го пролонгираме. Начелно тогаш им е кажано дека треба да достават понуда.

НГ: Да не го пролонгираме, а?… За ова ти колку предлагаш?

МЈ: 5 на целото.

НГ: Што 5 на целото? МЈ: 5%.

НГ: Не, не у точен износ колку?

МЈ: Па сега зависи колку ќе биде, помеѓу 15 и 18.

НГ: Ти како, како процент збореше таму или како бројка точна?

МЈ: Па…тие го спомнаа тоа, и генерално си е океј вака тоа. 5 на тоа што ќе помине. Тоа зависи од понудата, ама помеѓу 15 и 18 би се движело, согласно некои проекции колку би понудиле.

НГ: Ќе ти прифатат толку?

МЈ: Ако му кажиме ќе прифатат, да, не е тоа ништо. И на другото е толку.

НГ: Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството.

МЈ: Еве ја одев по некоја аналогија од претходното…

Кога СДСМ ги објави разговорите, владејачката ВМРО ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и соопштија дека целиот процес за избор на компанијата за изградба на двете делници се одвивал на највисоко професионално ниво. За договорот за изградба на патиштата се изготви посебен Закон за изградба на двата автопатишта Владата зема кредит од 580 милиони евра од кинеската „Ексим банка“, со рок на  отплата од 20 години, пет години грејс период и 2 % каматна стапка. Владата со пари од буџетот учествува со 10 отсто.

Изградбата на автопатиштата беше најавена на голема врата како најкрупен инфраструктурен проект. Договорот за изградба со кинеската компанија „Синохидро“ се реализираше со посебен Закон што во 2013 -та година се изгласа во Собранието. Кога се носеше законот за договорот за изградба на автопатите, пратениците од опозицијата се изјаснија дека ќе гласаат за законот и оти генерално даваат поддршка за изградбата на патиштата, но ги критикуваа цените за изградба на километар автопат и поволностите дадени за компаниите кои ќе ги градат. Тогаш опозицијата обвини  дека проектот е коруптивен и оти Владата неколкупати нелогично го зголемила износот на инвестицијата за автопатиштата.

Која е Синохидро?

„Синохидро“ е компанија која има градежни проекти низ цел свет, особено во Африка, Азија, Европа и Јужна Америка. Се јавува како  директен изведувач или учествува во проектирање на хидроцентрали, брани, патишта, аеродроми, пристаништа, згради. Но и покрај бројните проекти, Синохидро во светот ја пратат низа контровезрии.

Така според пишувањата на странските медиуми, “кинезите се омилени инвеститори на корумпирани владини функционери затоа што нивните инвестиции доаѓаат со многу малку услови за теми како етика, еколошка заштита, корупција, владеење на правото“ изјави за „Зимбабве индипендент“ во февруари лани економскиот експерт Максвел Саунгвеме. Во 2014 година токму оваа компанија како што пренесуваат странските медиуми за бизнис зделка во Пакистан,  била под суспензија од Светска банка поради сомнеж за корупција.

автопат Владимир Пешевски ВМРО-ДПМНЕ истрага кинеска компанија Миле Јанакиески Никола Груевски Синохидро СЈО тендер Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.