Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал во Албанија: Објавени лични податоци и износи на плати на 637.138 граѓани

0
By Sashko on December 23, 2021 РЕГИОН
Фото: travellingbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По објавувањето на личните податоци на албанските граѓани со право на глас пред априлските парламентари избори, локалните медиуми информираа за нов скандал – објавени се и износи на плати на 637.138 граѓани што, исто така, е спротивен на Законот за заштита на личните податоци.

Албанскиот претседател Илир Мета напиша на Фејсбук дека објавувањето на платите на Албанците е направено со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, а според него, станува збор за повеќекратна незаконитост.

Се работи за објава на список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, меѓу кои функционери, политичари, службеници во јавна и државна администрација, како и вработени во прватниот сектор.

На списокот со кој располага агенцијата Балкан веб се наоѓаат и платите на претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама. Шефот на државата има месечна плата од 257.000 леки (2.106 евра), додека премиерот Рама 228.730 леки (1.874 евра).

Многу повисоки плати од нив имаат петмина вработени во Албанската тајна служба, ШИШ, чии плати се движат од 3.278 до 7.377 евра.

Албанскиот претседател Илир Мета скандалот го оцени како криминален акт, кој го доведува во опасност социјалниот мир.

Од медиумите дознав за јавно објавениот список со чувствителни лични податоци на 637.138 вработени граѓани, со флагрантно кршење на слободите, човековите права и достоинство, законите и Уставот, случај на повторена незаконитост. Личните податоци на секој граѓанин, кои се чуваат во јавни институции и се администрираат во државните бази на податоци, се лични, заштитени со закон и се наменети да се користат само за доброто на граѓаните и државата, наведува Мета.

Тој додаде дека секоја поинаква употреба на истите е кривично дело со кое „се загрозува општествениот мир со нарушување на приватната безбедност на секој граѓанин“ и побара итна истрага.

Ги повикувам органите на прогонот и обвинителството веднаш да започнат, да поведат проверки и истраги, да ја утврдат оваа повторена активност на незаконитост, преземајќи без одлагање неопходните мерки за гарантирање на заштитата на личните податоци и изведување пред лицето на правдата на авторите, бара Мета.

Реагираше и опозициската Демократска партија, која побара од премиерот Еди Рама да преземе одговорност, како главен виновник, и да поднесе оставка поради предметниот скандал.

Преку објава на Фејсбук реагираше и поранешниот претседател и експремиер Сали Бериша, кој откако искажува осуда за „овој последователен голем супер скандал“ додава дека тој „уште еднаш го докажува црното лице на наркодржавата и главата на медузата, Едвин Рама“.

Албанија граѓани лични податоци Објава плати регион скандал Списоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.