Полицијата кај него нашла 2,5 килограми марихуана.

Судија на претходна постапка од гостиварскиот суд, на скопјанец кој вчера беше лишен од слобода, му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Осомничениот е спроведен во КПУ Затвор Скопје.

41-годишниот С.З. кој привремено живеел во Гостивар е осомничен дека продавал марихуана. Кај него во станот вчера полицијата најде 2,5 килограми марихуана кои му ги одзема. Против него е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот С.З. претходно веќе имал кривична пријава од СВР Тетово/ОВР Гостивар за дело поврзано со недозволена трговија со дрога според член 215 од КЗ.