И денеска главниот град, Скопје, се најде помеѓу првите на листа најзагадени градови во светот.
Според податоците на IQAir, Скопје е четвртиот најзагаден град со индекс на загадување 161.
Прв на листата, најзагаден град, е Лахор, Пакистан, а од регионот на девето место е Белград, а на единаесето место е Сараево кој вчера беше прв на листата на најзагадени градови.