НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Мечкин Камен: Зад ширењето омраза се крие желбата за амнестија

0
By Нова ТВ on August 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Група од педесетина лица, кои и претходно и се познати на полицијата, а дел од нив учествувале и во нападот во Собранието од 27 април минатата година, е поврзана со инцидентот во Крушево за време на прославата на Илинден изјави вчера во интервју за 1 ТВ премиерот Зоран Заев.

– Однапред знавме дека е можно да се случи такво нешто и порано имало такви дофрлувања од ваквите радикални структури на Мечкин Камен и од МВР беа преземени сите неопходни дејства. Полицијата беше соодветно распоредена и во делот на униформите и во цивилните лица. Ако се одеше понатаму можеше да биде претенциозно и да се остави погрешен впечакот. Нема пропусти од страна на полицијата, рече Заев.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека изреагирало соодветно и на ниво на задачата. Имало сознанија дека се можни групирања и тенденциозни дејствувања на одредени групи со намера нарушување на јавниот ред и мир. За тоа бил информиран и премиерот Зоран Заев, кој за време на одбележувањето на Илинден и во Пелинце и во Благоевград беше придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Некои од нив извикуваа навредливи зборови кон припадниците на албанската етничка заедница и фрлаа со предмети кон владината делегација и странските дипломати.

Заев истакна дека некој ги мотовирал тие поединци да се однесуваат така и додаде дека тоа се истите квазипатриотски здруженија и навивачки групи. Некои, според него, биле и во Собранието на 27 април. Тоа е мала група, оцени Заев, од 50-на лица, исфрустрирани и мотивирани од некого да праќаат некакви пораки, но не се приврзаници на големите политички партии, зашто во последно време го плукаат и ВМРО-ДПМНЕ, а и физички се насилни. Сепак, смета Заев, овие луѓе имаат одредена цел.

Заев нагласи и дека зад ваквите обиди за ширење говор на омраза се крие желбата за амнестија и бегање од одговорност за одредени поединци.

– Свесен сум дека децениската неодговорност што повеќе не се толерира, продуцира вакви напливи кај поединци. Институциите будно следат и работат и ќе постапуваат без разлика на кого се однесува, рече Заев.

Премиерот и претседателот имале средба два дена пред Илинден. На состанокот се разговарало за регионални и многу важни државни прашања, важни за безбедноста, иднината, актуелните моменти. Но, Иванов тогаш зборувал едно, а на Мечкин Камен друго.

– Со Иванов имавме пријатен состанок, поразговаравме за очекувањата на Мечкин Камен. За жал, се случија мотивации од самиот говор на претседателот, лица, веројатно под дејство на алкохол, да шират омраза, рече Заев.

На говорот на Иванов на Мечкин камен, во кој тој изјави дека не го поддржува Договорот со Грција, реагираше и Европската комисија.  Брисел порача дека очекува од сите страни да бидат конструктивни.

– Очекуваме од сите политички сили да играат конструктивна улога преку поддржување на заедничката стратешка цел на европската интеграција и да ја обезбедат имплементацијата на Договорот, изјавија за МИА од Европската комисија.

Брисел бара граѓаните да учествуваат во референдумот и да ги искористат своите граѓански права, зашто „ова е важен момент за одлучување на иднината на земјата“, велат од ЕК за МИА. Во врска со инцидентите во Крушево, ЕК ги повика граѓаните мирно да ги искажуваат своите ставови.

На одбележувањето на Илинден, членови на навивачки групи, здруженија и организации кои се претставуваат како патриотски, ги навредуваа Албанците со скандирања и песни и фрлаа со пластични шишиња и други предмети по петтемина министри од официјалната делегација на Владата.

За разлика од претставниците на извршната власт и странските дипломати, претседателот Иванов беше пречекан со овации и се ракуваше со дел од присутните кои го скандираа неговото име.

Владата ги осуди повиците за омраза и насилство, нагласувајќи дека се во судир со интересите на граѓаните и ги повика надлежните институции да ги истражат овие појави и да преземат соодветни мерки.

МВР вчера соопшти дека ангажирало 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и 10 полициски службеници од Одделот за заштита на одредени личности и објекти. Дополнително, за обезбедување на внатрешниот параметар на патеката по која се движеа делегациите биле ангажирани и припадници на Посебните единици на полицијата, од кои 30 во цивилна облека, а 10 во полициска униформа.

Министерството потврди дека во текот на движењето на владината делегација имало обиди за приближување на одредени групи и нарушување на безбедниот периметар на движење, кои заради реакцијата на припадниците на полициските сили беа оневозможени. Во два наврата кон делегацијата биле фрлени и пластични шишиња, но биле одбиени од припадниците на МВР. За време на движењето, кон делегацијата биле упатени и вербални напади, како и зборови со говор на омраза.

Полицијата идентификувала некои од учесниците во инцидентот. Тие се повикани на разговор во полициски станици, а откако ќе заврши истрагата случајот ќе биде предаден до надлежното обвинителство.

Министерството за одбрана, пак, информира дека формира Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски, кој е препознаен на видео снимка од инцидентот на Мечкин Камен.

– Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на разговор и на распит во Воената полиција. Во текот на распитот војникот Богоевски, иако на видео-снимките се гледа како стои во првиот ред, негирал дека учествувал во инцидентот во кој беа нападнати вербално и со фрлање предмети високи официјални гости од странство, како и владината делегација која дојде на Мечкин Камен со цел да зеде учество во прославата на Илинден, соопшти МО.

Ѓорѓе Иванов Зоран Заев Илинден Инцидент Мечкин Камен прослава
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.