Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Снимката за „Рекет“ останува доказ: Што открива нејзиното објавување

0
By Соња Петрушевска on August 8, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Објавената снимка на која се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески земаат пари од осомничениот бизнисмен Орце Камчев, не може да ја попречи истрагата, вели адвокатот Звонко Давидовиќ за НОВА, но испраќа сигнал до Обвинителството дека случајот што побрзо треба да биде расчистен.

„Ако видео снимката е дел од ПИ мерките, тогаш лицето кое ја објавило треба да понесе кривична одговорност. Но без разлика дали видеото е од камерите во куќата на Камчев или е се од истрагата, ако материјалот не е сечен и монтиран, содржината на разговорот треба да биде предмет на истрага“, рече адвокатот Давидовиќ.

За Давидовиќ многу пострашно е што излегуваат во јавноста вакви материјали.

„Страшно е ако излегуваат вакви материјали кои може да се дел од доказен материјал, а сега секој си ги користи за свои потреби. Вакво протекување на материјали не ни е првпат, а санкции нема“, вели Давидовиќ.

Во видето, прво се гледа како се бројат евра ставени во една патна торба, а потоа како Камчев ги испраќа Боки 13 и Зоки Кичеец со торба.

Кон крајот на видеото има и аудиоснимка на која Боки 13 му потврдува на Камчев дека ќе биде ослободен во понеделник, најдоцна вторник. „Врховен ќе ве ослободи, а Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови да го одолговлекува овој случај“, вели Боки 13.

Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат.

Камчев: Добро.

Боки 13: Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.

Камчев: Врховен, не може да дојде до Врховен до понеделник.

Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.

Камчев: А Апелација?

Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продолжува, да го одолговлекува, понеделник вторник, вие сте на слобода.

Снимката која е објавена во јавноста е со датум од 20 февруари (среда), а Боки 13 му ветува на Камчев дека тој ќе излезе од притвор во понеделник, односно на 25 феруари. Осомничениот бизнисмен нема да биде пуштен од куќен притвор ниту во понеделник, ниту во вторник како што ветува Боки 13, но ослободувањето ќе стигне една недела подоцна, односно на 4 март кога Врховниот суд ќе донесе одлука да му го укине и куќниот притвор на  Камчев.

Врховен го ослободува Камчев една недела покасно од ветувањето на Боки 13

Снимката е направена кога Орце Камчев е веќе два месеци во куќен притвор, откако на предлог на СЈО кои бараат поблаги мерки, на Камчев и Мијалков за случајот „Империја“, затворскиот притвор на 27 декември им се заменува со куќен.

По ова, Камчев и Мијалков поднесуваат жалби и бараат ослободување и од куќниот притвор, но Апелација на 7 февруари ги одбива нивните жалби. СЈО тогаш ќе достави барање до Апелација притворот да им се продолжи затоа што осомничените можат да влијаат врз сведоци.

Империја: Апелација им го продолжи куќниот притвор на Камчев, Панделески и Јосифовиќ

По одбивањето на жалбата од Апелација, Камчев се жали до Врховен суд, кој на 4 март го ослободува Камчев и од куќен притвор, а на 29 март му го укинува куќниот притвор и на Мијалков. СЈО ќе поднесе предлог до Врховниот суд жалбите на Камчев и на Мијлкаов да им се одбијат како неосновани и да се потврдат решенијата на Апелација. Предлогот, СЈО го испраќа само еден ден по средбата меѓу Камчев и Боки 13, а на која Бојан Јовановски ветува дека „Катица нема да поднесе никкави вонредни правни лекови“.

Врховен го укина домашниот притвор на Камчев, но не и на Мијалков

Врховниот суд сепак им ги прифаќа жалбите и ги ослободува од притвор, а ваквата одлука ја аргументира  со  мислењето што го донесе кон крајот на јануари дека сите истраги кои СЈО ги започнало по законскиот рок од јули 2017 година треба да запрат.

Една недела по ослободувањето на Камчев и од куќен притвор, во СЈО ќе се поплават документите поврзани со случајот Империја.

СЈО смета дека преку снимката поврзана со случајот „Рекет“недвосмислено се потврдува дека нема поврзаност помеѓу изреченото на снимката и предлозите кои што го донело СЈО и одлуките на судовите.

СЈО: Снимката потврдува дека нема поврзаност на ветувањата со предлозите на СЈО и судските одлуки

За адвокатот Давидовиќ, во оваа снимка е проблематична и улогата на бизнсименот кој е сведок во Обвинителството за „Рекет“.

„Ако некој доброволно, за добивање одредени привилегии даде пари, тоа е поткуп. Исто така, се поставува прашањето и кој држи толкава сума на пари дома и од каде се тие пари. Сето тоа треба да се истражи“, рече Давидовиќ за НОВА.

Обвинителството пред речиси еден месец отвори истрага за Рекет – во кој се осомничени Боки 13 и Зоки Кичеец за земање рекет од осомничен бизнисмен за запирање на истрагата која се води против него. Обвинителството наведе дека се истражува и влијанието на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која и беа одземени телефоните, но таа се уште не е повикана на распит.

„Со овој предмет се поткопуваат темелите на државата и правосудството затоа што опфаќа широк круг на осомничени и нема друго чаре освен да финишира со истрага на сите инволвирани“, вели Давидовиќ.

Кој стои зад весникот „Ла Верита“

Италијанскиот весник „Ла Верита“ тврди дека објавената снимка  „преку адвокатите на жртвата (н.з.  Орце Камчев) е доставена до Јавното обвинителство за организиран криминал, но не наведува кој ним им ја доставил.

Неофицијално во јавноста досега беа изнесувани информации дека Орце Камчев ги снимал сите разговори кои ги водел со осомничените во случајот „Рекет“ и дека ги предал на Обвинителството. Дали снимките ги доставил и до други лица не е познато. Државниот обвинител Јовески денеска негираше дека снимките кои ги објавува весникот  се од ОЈО.

Весникот пишува дека снимката ја објавиле „со цел на читателите да им се разјасни сериозната опасност за цела Европа од пристапувањето на Скопје кон ЕУ – главен град на држава со ограничен суверенитет во кој политичките актери не се ништо друго, туку марионети во претстава која ја водат прилично моќни меѓународни претставници“. Понатаму, весникот пишува дека „во 2016 Меркелова Германија, преку локалното раководство на Дојче Телеком, пресретнала илјадници часови телефонски разговори меѓу членовите на поранешната конзервативна влада и ги предала транскриптите директно во рацете на Зоран Заев со цел да му помогне да дојде на власт и да манипулира со нив како сака“.

Германскиот план, во кој  според весникот, учествувал и Џорџ Сорос „кој со месеци ги финанисираше протестите по улиците“ завршил со посакуваниот исход. И покрај фактот што плановите на надворешните сили успеаа, конзервативната партија ВМРО ДПМНЕ постојано ја оспоруваше вистинитоста, содржината и методите на прислушувањето, пишува весникот.

Според информацијата на веб страната, „Ла верита“ е независен дневен весник со седиште во Милано и дистрибуција низ цела Италија, чиј основач и главен уредник е Маурицио Белпјетро. Весникот почнал да излегува во 2016,  а онлајн верзијата од март 2018. Според главнот уредник, уредувачката политика на весникот е инспиринана од моделот за либерално новинарство, политички блиско до експремиерот Силвио Берлускони.

Неофицијално се тврди дека весникот е близок до есктремнодесничарската партија Лига, која ја предводи актуелниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини кој е политички сојузник со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Пред 10 дена лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со Орбан и според партиското соопштение на средбата Мицкоски изразил загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.

Обвинителот Љубомир Јовески во изјава за Дојче Веле рече дека „снимката во италијанскиот медиум не е добиена од извори на ОЈО, таа е дел од доказната постапка“.

Од Обвинителството пак додаваат дека „сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка“.

 

 

Боки 13 Давидовиќ Јанева Камчев Ла Верита Рекет СЈО снимка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.