Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сорос му одговори на Орбан

0
By Светлана Јовановска on July 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 12, 2017 13:43

Милијардерот Џорџ Сорос одлучи да не молчи повеќе на нападите на унгарскиот премиер Виктор Орбан и анти-семитската и анти-имиграциска кампања на унгарската влада во која го користи името на Сорос против мигрантите и бегалците. Кампања која чини речиси 13 милиони долари.

Тој испрати одговор во кој се вели дека тажен што “унгарскиот режим се служи со анти-семитски слики како дел од нивната кампања за дезинформирање; истовремено, ме охрабрува тоа што заедно со многубројни сограѓани од лидерството на унгарските Евреи отворено зборуваат против оваа кампања”.

Заедницата на унгарските Евреи пред неколку дена го повика премиерот Орбан да и стави крај на оваа кампања.

Во писмото Сорос потсетува дека во Унгарија донирал 400 милиони долари и ја осуди кампањата која потсетува на “најцрните денови на Европа”.

На билбордите на оваа кампања се гледа Сорос, кој е Евреин, како дава поддршка на нелегалната имиграција со слоганот – “да не му дозволиме на Сорос да се смее последен” а на билбордот пишува дека 99 отсто Унгарци не сакаат бегалци во земјата.

Орбан одамна и упорно се спротивставува на планот на Европската комисија која веќе две години бара од земјите членки на ЕУ да примат одреден број бегалци во сразмер со големината на земјата.

Сорос “би сакал да види 1 милион бегалци од различни културни потекла да се населат во Европа секоја година”, вели Орбан. “За него миграцијата е добар бизнис а причината што е толку лут на Унгарија – и на мене лично – е што стоиме на патот на неговите големи планови и големиот бизнис проект”, додаде Орбан.

Ни Сорос не бил нежен со Орбан и го обвини дека во Унгарија направил мафијашка држава.

Сорос во писмото вели дека тој, како човек што го преживеал Холокаустот, кој се криел на нацистите во Будимпешта и потоа бил бегалец и самиот, “од прва рака знае што значи да се биде во животна опасност”. Тој додава дека ги дели европските вредности: “Тврдењето дека Сорос промовира шема на увоз на милион нелегални имигранти во Европа е само имагинација на Орбан”.

Контрадикторните изјави на Израел

Минатиот викенд израелскиот амбасадор во Унгарија ја критикуваше оваа кампања на унгарската влада велејќи дека “тоа евоцира тажни спомени и буди омраза и страв”.

Но, израелскиот премиер наскоро ќе патува во официјална посета на Унгарија. Па така, неколку часа по оваа изјава, стаса нова изјава од израелскиот министер за надворешни работи во која се демантира изјава на амбасадорот и се вели дека “Сорос е легитимна цел на критика”.

“На ниту еден начин изјавата на амбасадорот не значи делегитимирање на критиката против Џорџ Сорос кој постојано ја поткопува израелската демократски избрана влада”, вели министерот Емануел Нахшон.

Во Унгарија во април 2018 година се одржуваат парламентарни избори па Сорос станува се почесто цел на нападите на владата на Орбан кој исто така бил корисник на помошта на Сорос.

Орбан годинава се обиде да го затвори Универзитетот на југо-источна Европа кој се наоѓа во Будимпешта и е финансиран од Сорос. Претходно ги зајакна правилата за финансирање на невладините организации за поддршка на независно сусдство, образование и човекови права, организации кои ги користат донациите на Сорос и води анти-европска кампања.

Виктор Орбан Унгарија Џорџ Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

ВЕСТИ April 18, 2026

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека Ормутскиот теснец повторно е затворен, наведувајќи дека за секој…

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.