Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Преку Исланд избегнување на домаќинот Франција

0
By Нова ТВ on January 19, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашниот натпревар со Шпанија, попладнево веќе, за помалку од 24 часа, не чека дуел со Исланд, кој ќе биде петти на денешен датум а досега на четири средби нашата ракометна репрезентација не загубила натпревар.

Во 2009 во Хрватска на Светското првентство ја совладавме Полска со 30-29. Потоа, следеше натпревар на ЕП 2012, кога во клучен дуел ја совладавме Чешка со 27-21, додека на СП 2015 во Катар успеавме да ја добиеме Босна и Херцеговина со 25-22.

На последниот дуел кој Македонија го одиграла на денешен датум, ракометарите ремизираа со Србија (27-27) што беше доволно за пласман во наредната фаза на ЕП 2016 во Полска.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра од 17.45 часот. Со евентуална победа, Македонија ќе го заземе третото место во групата за да го избегне во наредната фаза домаќинот на првенството, Франција.

Македонија покажа против Шпанија дека е достоен противник во ракометот

Во првото полувреме одлично издание на „црвено-жолтите“, кои конечно имаа влез во натпревар во кој важеа за аутсадери каков немаа во оние два во кои беа фаворити.

Отсуството на притисок го стори своето кај селекцијата на Македонија. Свесна дека нема што да загуби, заигра послободно, беше рамноправна, искористи моменти и да подари атракции на гледачите, па и ефектот го отсликаа и бројките на семафорот (14:14).

Второто полувреме донесе подруга слика во која главниот збор го имаше ривалот. Ја стегна одбраната, додаде гас во нападот, малку падна концетрацијата и кај „црвено-жолтите“ што, како микс, и резултатот почна да натежнува на страна на репрезентацијата со двајца „вардарци“ (Душебаев и Кањелас) и дел од соиграчите на Лазаров во Барселона.

Но резултатот 29-25 со големата Шпанија покажува дека Македонија има сили да го победи Исланд ако одигра на исто ниво.

Исланд Кире Лазаров Лино ракомет Светско првенство во ракомет Червар Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.