Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спас Ташев: Функционирањето на историската комисија во сегашниот формат е излишно

0
By Sashko on November 3, 2021 РЕГИОН
Фото: tvevropa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 11:21

Функционирањето на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во сегашниот формат е излишно и лично не гледам смисла во продолжување на нејзината активност, вели Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН) за „Њуз.бг“.

Тој вели дека не предлага распуштање на Комисијата, туку преиспитување на нејзината работа и таа да се фокусира на популаризација на неспорните факти, кои се прифатливи и за Бугарија и Северна Македонија.

Може да се заклучи дека Комисијата не дава резултати, а причина за тоа е не добро осмислената идеја за нејзиното создавање, смета Ташев.

Според него, дискусиите во Комисијата се непродуктивни и за самите седници не се водат протоколи, а какви одлуки и да се донесат, тие не се почитуваат од страна на Скопје и на крајот на денот генерално се враќаме на почетната позиција.

Ташев предлага разговорите во Комисијата привремено да се замрзнат и двете страни да започнат архивско истражување со објавување на документи во нивните оригинали верзии за сите спорни лица, што би било основа за дебати.

Според него, Бугарија сега е влезена во нова етапа во политиката кон Северна Македонија.

Акцентот во нашата политика досега беше ставен на историјата и не обрнувавме многу внимание на сегашноста. Поради оваа причина, бугарските аргументи не беа разбрани од европските и американските партнери. Претседателот Румен Радев прв го постави прашањето дека треба да се смени акцентот и тој да се стави на човековите права. Шефот на државата го постави прашањето за тоа што Бугарите во Република Северна Македонија се маргинализирани, прогонувани и нерамноправни, вели Ташев.

Според него, земјава „навлегува во сериозна политичка криза“, за која не се знае решението.

„Доколку на евентуални предвремените парламентарни избори на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ, која се заканува со ревизија на Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија, тогаш Скопје ќе западне во меѓународна изолација, што не е во интерес на никого“, смета Ташев.

Бугарија комисија Македонија регион Спас Ташев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.