Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Спас за Валандово“ поднесе барање за референдум за Казандол

0
By Нова ТВ on April 25, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
фото: СДК.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 25, 2017 09:29

Иницијативата „Спас за Валандово“поднела писмено барање до градоначалникот и претседавачот на Советот на општината да распишат референдум, на кој жителите од овој град ќе кажат дали се „за“ или „против“ отворање рудник за бакар, злато и сребро во областа Казнадол, објави „СДК“.

Членовите на оваа иницијатива велат дека и покрај тоа што постапката за давање концесија за експлоатација на минералните суровини од Казандол е завршена и дозвола е веќе дадена на инвеститор, тие сметаа дека има простор да се чуе ставот на граѓаните и да се променат работите.

„Кога се даде концесијата немаше широка јавна дебата и јавна расправа, туку јавната дебата ја направија пред мал број луѓе. Концесијата е дадена во период на политичка криза, кога имаше многу превирања и кога беше целата работа завршена. Вчера членовите на нашата иницијатива одеа од врата на врата и со сите 15 советници од Советот на Општина Валандово разговаравме и сите рекоа дека ја поддржуваат нашата иницијатива за распишување референдум“, вели Роберт Марков.

Тој смета дека треба да се слушне гласот на народот и централната власт потоа ако има слух да ја запре изградбата на рудникот, која во процесот на производство на бакарна руда ќе користи и сулфурна киселина.

„Стравуваме дека рудникот ќе влијае негативно и врз здравјето на луѓето и врз земјоделските производи, иако инвеститорот Сардич уверува дека ќе ги применат најмодерните еколошки стандарди за заштита. Во самата студија за оценка на влијанието врз животната средина стои дека во кругот на рудникот ќе има езера со вода во која е разредена сулфурната киселина, а таа ќе испшарува во воздухот. Се тоа ќе се случува на еден километар од градот“, вели Марков.

Концесијата за експлоатација на минерални суровини во Казандол, компанијата „Сардич МЦ Дооел“ од Скопје, зад која стои англиско-украински капитал, ја доби во февруари 2015 година, а градежните работи почнаа лани во август.

Од Министерството за животна средина објаснуваат дека во случајот со Валандово и да организира референдум за рудникот во Казандол, тој нема да има поголемо влијание, бидејќи постапката за издавање позитивно мислење и дозвола за концесија е веќе завршена.

„Во случајот со Гевгелија резултатот од референдумот е обврзувачки, бидејќи во моментов канадскиот инвеститор се уште прави само истражувања на локалитетот, односно нема побарано од нас дозвола за влијание врз животната средина. Во моментот кога ќе побараат од нас ваква дозвола, која им е неопходна за да добијат дозвола за концесија од Министерството за економија, ние сме должни да побараме мислење од Општина Гевгелија. Општината пак според законските прописи е обврзана да го почитува резултатот од референдумот и мора да даде негативно мислење, а кога ние ќе го добиеме автоматски ја прекинуваме постапката, бидејќи мислењето на локалната самоуправа за нас е обврзувачко“, велат од Министерството за животна средина.

барање Казандол референдум рудник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.