Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски негира: Не сум имал редовни контакти со Бојан Јовановски

0
By Нова ТВ on December 14, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски негира дека имал редовни контакти со обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.

„Имавме два-три службени контакти што се однесуваа на пријави за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на Бирото за јавна безбедност. Апсолутно не станува збор за било какви други контакти, ниту пак за разговор со него или со било кој друг вклучен во криминални активности“, нагласи Спасовски.

Ваков одговор даде првиот човек на МВР на новинарско прашање поврзано со сведочењето на Ана Камчева во случајот „Рекет“ дека тој бил редовно во контакт со Јовановски. Таа на едно од досегашните рочишта рече дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева побарала повлекување на гаранцијата од 14 милиони евра за замена на мерката притвор со куќен притвор за нејзиниот сопруг. За тоа, како што кажа, го информирала Орце Камчев и му ставила до знаење дека ќе го пријави случајот.

Фото: sdk,mk

 

Тоа било причина, како што истакна во судницата во Кривичниот суд, да оствари средба со директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Николовски на кого му навестила дека ќе пријави оти е жртва на рекет.

„Ме праша зошто немам доверба во институциите. На тоа му набројав со кого сè е близок, меѓу кои и со министерот за внатрешни работи“, кажа Камчева во сведочењето за „Рекет“.

Пред Камчева, во случајот „Рекет“ сведочеше и Орце Камчев. Рочиштата против првообвинетиот Бојан Јовановски и второобвинетата Катица Јанева почнаа на 3 декември. Третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец ја призна вината и доби тригодишна казна затвор. Наредното сослушување на сведоци е закажано на 23 декември.

Ана Камчева Бојан Јовановски Оливер Спасовски сведочење Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.