Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Нема можност Грујевски и Бошковски да се пазарат

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 26, 2017 12:08

Постапката за екстрадиција на поранешните началници на УБК Горан Грујевски и Никола Бошкоски ја води Министерството за правда со меѓународна правна помош со Министерството за правда на Грција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на меѓународната конференција „Приватна јавна безбедност – соработка и партнерство“ на Факултетот за безбедност во Скопје.

– Министерството за внатрешни работи имаше обврска да соработува со Министерството во Грција се до приведување на овие лица, истакна Спасовски.

Во однос на логистичката поддршка на обвинетите Грујевски и Бошкоски во МВР, Спасовски рече дека имаат многу податоци и дека заедно работат со Обвинителството, но оти информациите не се за споделување со јавноста.

Прашан дали постои можност Грујевски и Бошкоски да се „пазарат“ со грчките служби во однос на споделување на информации за она што го работеле во изминатите години во УБК, Спасовски рече дека нема ниедна информација што досега не е поделена со јавноста со оглед на тоа што во јавноста преку т.н. бомби имаше можност да ги слушне разговорите за нивната работа.

На двајцата екс разузнавачи на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски во Солун ќе им се суди на 1 декември.

Тие вторникот седнаа на обвинителна клупа во судот во Солун, но со часови  чекаа на судски преведувач.  Тие во судницата беа со адвокати од Грција и еден од Македонија.

Нив им се суди за лажни пасоши, а во судницата освен нив им се суди и на мигранти кои немаат правен статус во Грција.

Кривичен совет од одделението за организиран криминал во Кривичниот суд во Скопје работи на барањето за екстрадиција на бегалците од Грција.Судот има 40 дена да ја подготви документацијата колку што им е доделен и екстрадиционен притвор на двајцата екс разузнавачи кои беа уапсени н аеродромот во Солун минатата недела. За експертите битна е и одлуката на тамошниот суд за кривичното дело- фалсификуваните бугарски пасоши, за што најверојатно ќе добијат и казна.

Минатата недела Дојче веле, повикувајќи се на функционер на грчкото Министерство за јавен ред и заштита на граѓаните кој инсистирал на анонимност затоа што не смее јавно да го коментира случајот, објави дека на крајот на ноември или во првите недели на декември годинава може да се очекува екстрадицијата на двајцата македонски државјани кои во средата вечер беа уапсени на аеродромот во Солун, во обид да ја напуштат Грција. Дотогаш, двајцата обвинети ќе бидат во екстрадиционен притвор.

Грујевски и Бошковски – клучните обвинети`во „Таргет“ и „Тврдина“

Бошковски Грујевски екстрадиција Министерство за правда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.