Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спорот за името меѓу Македонија и Грција се сели на германско тло

5
By Нова ТВ on February 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Берлин притиска на решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција – коментираат дел од аналитичарите по информациите дека германската канцеларка Меркел денеска телефонски разговарала со грчкиот премиер Ципрас за спорот за името, а утре ќе се сретне со премиерот Заев.

-Двајцата лидери Ципрас и Меркел разговараа за текот на разговорите за прашањето за името на ПЈРМ, провокативната воздухопловна активност на Турција во Егејското море и евро-турските односи, се наведува во кусото соопштение од кабинетот на грчкиот премиер.

Грчката телевизија Скај, повикувајќи се на свои извори, објави дека „Ципрас на Меркел и ја потенцирал потребата за конечно решение во спорот, со промена на уставното име на соседната земја“.

Утре пак во официјална посета на Берлин, патува владина делегација предводена од Заев.

Според Љупчо Петковски од „Евротинк“ вклучувањето на Меркел е јасен сигнал за меѓународно посредништво во разговорите, но позициите на двете страни, според негови проценки се и натаму длабоко спротиставени.

-Посетата на Заев на Берлин, како и телефонскиот разговор на Ципрас со Меркел и најавената нивна средба во наредните неколку денови, се јасен сигнал дека постои силна меѓународна иницијатива чија цел е да резултира со решение на спорот. Не смее да се заборави дека позициите на странките се длабоко асиметрични, и дека главниот притисок е на македонската страна. Исто така, станува збор за иницијатива која се одвива по утврдена динамика, затоа што средбите се закажани од поодамна, вели Петковски.

Според него, целиот процес на преговори на крајот ќе се сведе на игра на нерви – ако сакаат договор и двете страни ќе мора да направат отстапки.

-Можеме со сигурност да кажеме дека решението ќе е фазно и хибридно, и дека ќе биде плод на дипломатски вештини преку кои ќе се бајпасираат дел од прашањата за кои страните не можат да постигнат договор кој целосно би ги отсликувал нивните позиции. Во ваков тип на преговори „ништо не е договорено, додека се не е договорено” односно додека секој детал од пакетот не е разјаснет, вели Петковски.

Според Петковски видливо е благо ретерирање од оптимизмот особено на македонска страна што може да се толкува или како преговарачка тактика или како знак дека преговарачите се соочуваат со „преголеми залаци“ на кои не сметале во првичните калкулации.

Едно од клучните прашања за кои двете страни се на различни позиции е менувањето на уставот на што инсистира Грција.

Дел од грчките медиуми веќе пишуваат дека „Гордиевиот јазол би можел да се пресече со меѓународна спогодба, ратификувана од Советот за безбедност на ОН, која од моментот кога ќе се потпише, на ниво на меѓународен правен поредок, ја надминува силата на уставниот поредок на било која земја“.

Ова, според грчките медиуми би требало да биде една од можните варијанти за надминување на спорот за уставот. Поранешната шефица на грчката дипломатија денеска повтори дека тие инсистираат спорот за името да се решава во пакет, а не во фази.

,,Ако постои страв за нешто, тоа е токму решението да се подели на делови. Односно поделбата на делови на решението може да доведе до тоа, да речеме дека најдовме едно Х име, а потоа останатите работи, иредентизмот, имплементацијата, спектарот, Уставот, итн… да ги оставиме. Ова ќе биде смртна грешка, рече Дора Бакојани за телевизија Скај.

Според неа решението треба да биде прифатено од целата меѓународна заедница.

По средбата со Заев, Меркел ќе има средба со Ципрас во петок на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Брисел.

Грција Евротинк Заев името Љупчо Петковски Македонија Меркел преговори Ципрас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.