Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спортот во 2017 година: Ракометари, фудбалери и Антиќ како амбасадори

0
By Нова ТВ on January 1, 2018 ВЕСТИ
Фото: velux.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ракометарите и фудбалерите беа амбасадори на македонскиот спорт во 2017 година. И на клупски и на репрезентативен план подарија еден куп причини за задоволство, за радост, за гордост и низ сите 12 месеци ги грееја срцата на фановите.

Најдалеку отидоа вардарци кои во јуни во Келн се запишаа како победници во престижната Лига на шампион на Европската ракометна федерација (ЕХФ). По импресивните настапи во групната фаза (прво место во групата Б) и елиминацијата на Фленсбург во четврт-финалето, Раул Гонзалез го поведе македонскиот првак и на завршниот турнир во Германија.

Улогата на аутсајдери што „црвено-црните“ ја добија таму од аспект на дебитанти се покажа како нивно најсилно оружје.  Во полуфиналето беа за гол подобри од Барселона на Кире Лазаров (26:25), а во финалето и од ПСЖ (24:23) што беше причина за излегување на преку 100.000 луѓе на улиците низ Скопје за поздрав на европските шампиони, заедничка прослава на плоштадот „Македонија“ и Орден за заслуги од македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Во ѕвездениот ракометен мозаик се вклопија и ракометарките на Вардар. По трите освоени бронзи на Фајналфор турнирите во Лигата на шампиони, во 2017 година отидоа скалило погоре и во Скопје се вратија со сребро. Двете групни фази ги завршија со два пораза и реми, во четврт-финалето го „прегрмеа“ и дански Митјиланд, во полуфиналето и ЧСМ Букурешт пред да бидат запрени од Ѓер (30:31) во атак на тронот во Будимпешта.

Фото: zrkvardar.mk

И македонските репрезентативци се надоврзаа на успешната ракометна приказна во средина од годината. „Црвено-жолтите“ го освоија првото место во групата со Чешка, со Исланд и со Украина и обезбедија место на Европското првенство во Хрватска што ќе се одржи од 12 до 28 јануари. Настап за почит имаше и младата репрезентација на Светското првенство во Алжир каде заврши на шестото место.

Македонија (У21) на фудбалско ЕП, Вардар во Лига Европа, скок на сениорите за 86 места на ФИФА листата

Силен белег во 2017 година оставија и фудбалерите. Младата репрезентација (У21) го скрши мразот како прв македонски национален тим што заиграл на завршен турнир преку квалификации во било која возрасна категорија. „Црвено-жолтите“ херои на Благоја Милевски одиграа за респект и на шампионатот во Полска без разлика на резултатскиот ефект што го постигнаа против фаворизираните Шпанија, Португалија и Србија. Откинаа бод против северниот сосед (2:2), постигнаа два гола против надежната генерација на „европските Бразилци“ (2:4) и убедливо загубија од „црвената фурија“ (0:5), но простор за забелешки не оставија.

Фото: spelsnack.se

Уште една македонска фудбалска бомба одекна во Европа во август месец. Ја активира Вардар од Истанбул. „Црвено-црните“ го добија двомечот со Фенербахче и станаа први репрезенти од домашната сцена во клупско натпреварување по групи на УЕФА. Вардарци завршија голема работа со самото учество во ждрепката за Лига Европа, се што следуваше во дуелите со Реал Сосиедад, со Розенборг и со Зенит беше за нивно уживање и за награда на стореното во квалификациите за ЛШ и подоцна за ЛЕ.

Фото: spor.haber7.com

Својот удел во позитивните спортски моменти во 2017 година даде и сениорската фудбалска репрезентација. По стрмоглавиот пад на ФИФА ранг листата до 162 место на крајот на минатата година, А тимот се издигна за 86 позиции и во новата година ќе влезе од 76 место. Напредокот го донесе одличната резултатска серија која опфати пет победи, три реми и само еден пораз.

Перо Антиќ со Фенербахче до трета евролигашка титула

Фото: euroleague.net

Меѓу спортските амбасадори во 2017 година и Перо Антиќ. Македонскиот интернационалец со Фенербахче ја освои третата евролигашка титула по двете со Олимпијакос во 2012 и во 2013 година. По успехот на Фајналфор во Истанбул, Антиќ направи трансфер во Црвена звезда и важи за еден од најдобрите кошаркари на белградските „црвено-бели“ во оваа сезона.

2017 година Вардар Македонија Перо Антиќ ракомет Ретро спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.