Прекршочниот суд во Белград денеска изрече казна затвор во траење од еден месец за едно 19 годишно момче за кршење на Законот за јавен ред и мир во врска со синоќешниот упад во зградата на РТС.

Милан Мариновиќ, претседател на Прекршочниот суд, изјави за Танјуг дека момчето било осудено по итна постапка за прекршок – „дрско и безобразно однесување извршено во група“.

Тој веднаш ќе биде испратен на отслужување на казната бидејќи жалбата на таа одлука не го одложува извршувањето, но, секако, има право да се жали, додаде Мариновиќ. Покрај овој случај, на исход во Прекршочниот суд чекаат уште четири лица за кои е најавено дека до крајот на денот ќе има одлука и по нивните предмети.