Српскиот министер за одбрана Александар Вулин рече дека изјавата на заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји е досега „најтежок јавен и многу недипломатски притисок врз Србија“ и нејзиното право самостојно да одлучува.

– Не знам каква ќе биде позицијата и одговорот на претседателот Вучиќ, но сигурен сум дека ќе умее да се избори со притисоците, како што умееше и досега, изјави Вулин за Танјуг.

Ји во Белрад изјави дека не може да се седи на две столчиња во исто време, наведувајќи дека земја како што е Србија, која сака да стане членка на ЕУ, мора да испрати многу јасна порака, а не да балансира меѓу две страни.

ој посочи дека Александар Вучиќ, како претседател и премиер, јасно укажал дека целта на Србија е влез во ЕУ, но дека останува соработник и со Русија.

-Не е јасно како ќе го избалансира тоа, рече Ји, потенцирајќи дека државите мора да изберат страна.

Тој рече и дека САД „не разбираат зошто персоналот на рускиот  хуманитарен центар треба да добие дипломатски идентитет“.

Вулин истакна дека ова не е изјава на пријател, додавајќи дека Србија своите одлуки ќе ги носи сама, без оглед на тоа колку се големи оние кои сметаат дека можат да одлучуваат наместо Србија.