Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 16.858 граѓани на ковид-19 од кои 2.272 добиле позитивни наоди, пријавени се 54 смртни случаи додека 199 пациенти се приклучени на респиратори во болниците низ земјата.

Колку за потсетување, вчера во Србија беа тестирани 14.444 граѓани од кои 2.180 покажале позитивни резултати, а починаа 49 лица.