Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Српски борбени авиони ја надлетуваат административната граница со Косово

0
By Sashko on September 25, 2021 РЕГИОН
Фото: kurir.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 25, 2021 15:10

Косовските Срби шести ден по ред протестираат поради распоредување на специјалните полициски сили на Јариње и Брњак и одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички. Како што соопшти РТС, два авиона на Војската на Србија во два наврата околу пладне прелетаа над областа во близина на административниот премин Јариње и уште еднаш попладнево. Во изминатите неколку дена, над областа кај Јариње прелетаа и хеликоптери на Војската на Србија.

Од четврток, три хеликоптери МИ-35 ќе ја надлетуваат областа веднаш до административната линија во близина на преминот Јариње од страна на централна Србија, потврдија вчера од Министерството за одбрана.

Српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави дека МВР и неговите единици и Војската на Србија се подготвени да одговорат на секоја ескалација, но и дека ќе сторат сé за да избегнат какви било конфликти и се да биде мирно, нагласувајќи дека вооружените единици на Приштина мора да се повлечат од северот на Косово.

„Србија има право со хеликоптери да го контролира секој дел од нејзината територија до административната линија и тоа се наши редовни активности. Се разбира, сега нашиот интерес за таа област дополнително се зајакна и загрижени сме што вооружени луѓе стојат спроти невооружени цивили, изјави министерот Вулин во утринската програма на ТВ Прва.

авиони Административна граница Косово Надлетување регион Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.