Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Субвенции до 3000 евра за замена на стар со нов автомобил

0
By Нова ТВ on July 31, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 31, 2019 16:22

Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти денеска дека ако некој сака да го замени старото возило со ново, ќе има можност да добие субвенција од 2.000 до 3.000 евра. Според него, критериумите за поддршката се уште не се дефинирани, но веројатно ќе базираат на приходите во семејствата. Во првата година се предвидува да бидат опфатени од 200 до 500 возила.

– Мерката за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило има за цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздухот.

Субвенции секако нема да добие некој кој има 20, 30 или 40 илјади евра за да купи нов автомобил“ рече Бектеши.

Додаде дека субвенциите ќе започнат да се доделуваат во текот на оваа година доколку тоа го дозволи ребалансот на буџетот, или од почетокот на следната 2020-та.

Со Законот за возила предвидени се и субвенции за вградување на плински уреди,
воведување на жолти регистарски таблички за таксистите и унифицирана светлечка табла за такси возилата.

„Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво“ рече Бектеши.

Во однос на категоризацијата на возилата, Министерството за економија ќе изготви правилник согласно кој ќе се воведе еколошката налепница за возилата, согласно еколошките стандарди.

Законот предвидува возачите да ја имаат на своите возила на доброволна база, односно не е обврска на сите граѓани. Бојата на налепниците ќе зависи од категоријата на возилото.

„На барање на здруженијата за авто -такси превоз се воведуваат жолти таблици за такси возилата, со цел да се постигне ред во такси превозот, односно да се препознаваат лиценцираните и регистрираните такси возила, и ќе се спречи нелојалната конкуренција во оваа дејност односно забрана за вршење на нерегистрирана дејност. Исто така се воведува и унифицирана светлечка табла за такси возилата“ рече
Бектеши.

 

Бектеши возила субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.