Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Траекторија: Ќе се снима судењето на Груевски, Пешевски и Јанакиески

0
By Нова ТВ on December 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 6, 2017 10:34

Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство, е одложено за 18 декември годинава.

Одбраната на обвинетите на денешното рочиште во Кривичниот суд побараа визуелно и тонско снимање на судењето. Судот го прифати барањето и го презакажа судењето.

Кривичниот суд на 13 ноември го прифати обвинението на СЈО за овој случај и даде два дополнителни датума за судење, 18 и 26 декември.

Во Кривичниот суд денеска дојдоа обвинетите во овој предмет – поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Груевски се товари за делото примање награда за противзаконито влијание, а останатите за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според обвинението, тие поттикнати од поранешниот премиер во периодот од октомври 2012 до октомври 2013 година, ги искористили пречекориле овластувањата во постапката за избор на компанија која ќе ги гради автопатските делници и на тој начин прибавиле имотна корист за компанијата односно го оштетиле буџетот за 155.117.256 евра.

Во обвинителниот акт за овој случај СЈО обелодени дека Пешевски има 27 банкарски сметки во шест банки во Македонија, од кои 24 се активни. Овој податок од обвинителството го наведоа како аргумент при барањето да му се одреди притвор на поранешниот вицепремиер со образложение дека парите од сметките би можеле да му послужат како средство со кое би се реализирала неговата намера за бегство.

 

автопати Груевски Јанакиески одложено Пешевски провизии СЈО судење Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.