Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судир на титани: Прва средба Путин – Трамп во Хамбург

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Очите на светот денеска се вперени во првиот неформален состанок помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. Овој состанок ќе се одржи на маргините на самитот Г20 во Хамбург и со себе ќе повлече низа прашања, особено руската вмешаност во американските претседателски избори. Од темите за кои е можно да се разговара, шест се особено важни и на кои треба да се обрне внимание.

Ќе ги спомене ли Трамп изборите?

Иако Доналд Трамп го доведе во прашање заклучокот на американските тајни служби поврзан со руското влијание на американските избори, помошниците на Трамп не демантираа дека постои можност тој да ја спомене истрагата која моментално ја спроведува конгресен одбор и посебен одбор кој го именуваше обвинителството на САД.

Трамп во неколку наврати имплицираше дека Русија стои зад хакерите кои наводно влијаеле на изборите, но вчера изјави дека „никој не може да биде сигурен“. Трамп,исто така, Москва никогаш отворено не ја прозва. Дополнителен притисок е создаден бидејќи Германија, Франција и уште неколку европски влади ја обвинуваат Русија за вмешување во нивните избори.

Поради наклонетоста на Трамп кон Владимир Путин, постои загриженост дека Трамп би можел да ги смали санкциите кои на Русија и се наметнати поради нејзиното делување во соседна Украина. Покрај тоа, поранешниот американски претседател, Барак Обама, лани во декември од САД протера 35 руски дипломати поради сомневање дека се руски шпиони.

Каков е планот за Сирија?

Руската вмешаност во граѓанската војна во Сирија и поддршката која му ја дава на сирискиот претседател Башар ал Асад, предизвика несогласувања меѓу САД и Русија. Американците ја критикуваа Русија поради неуспехот да ја спречи употребата на хемиско оружје од страна на сириските власти. Путин, пак, ја критикуваше Америка поради уривање на сирискиот авион.

Иако двете земји се борат со Исламската држава, некои американски политичари тврдат дека Русија, зад превезот на борбата против тероризмот, сака да ги победи противниците на АСАД.

Ќе биде ли Северна Кореа на дневен ред?

Русија во ОН ја блокираше американската намера која се повикува на „значајни мерки“ со кои би се одговорило на севернокорејското тестирање на интерконтинентално балистички проектили. Истовремено Трамп го прошири ставот за Северна Кореа. Тој исто така сака да ја притисне Кина за да делува против Северна Кореа. Но, Русија и Кина се големи трговски партнери, поради што таа тема би можела да биде камен на сопнување.

Ќе продолжат ли несогласувањата за НАТО?

Путин ја критикуваше експанзијата на НАТО сојузот во државите кои граничат со Русија. НАТО му одговори дека со неговата вмешаност во изборите во соседните држави имаат намера да го дестабилизираат регионот. Но, членките на НАТО не можат да бидат целосно сигурни и да ја заштитат Америка, бидејќи Трамп пред неколку недели експлицитно одби да го прифати Членот 5 кој се однесува на меѓусебна заштита. Тоа се промени при неговиот вчерашен говор, но одново рече дека членките на НАТО ќе мора да плаќаат членарина.

Америка Владимир Путин Г20 Доналд Трамп Русија Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.