Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суспендиран раководител во АМС за случајот со збирката „Млади поети“

1
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска на прес-конференција соопшти дека ќе биде формирана комисија за утврдување одговорност за членовите на стручната комисија ангажирана за селекција и избор за најдобри авторски дела од конкурсот за проектот „Млади поети“, а ќе биде поведена и дисциплинска одговорност и суспензија на раководителот на Секторот млади.

Ова, како што рече Каевски, се мерките што ќе ги преземе АМС за расветлување на случајот со двете песни со недолична содржина кои беа објавени во збирката, а кои предизвикаа големо внимание во јавноста.

„Утврдивме дека постоело несовесно, нестручно, непрофесионално работење на неколку чинители кои имале активна улога околу конкурсот за издавањето на публикацијата на „Млади поети“. Таквото однесување довело до објавување на содржина која содржи елементи на родова и ентичка дискриминација на што АМС жестоко се противи, рече Каевски.

Каевски и денеска повтори дека надворешната тричлена комисија составена од Јовица Иванов како претседател и Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчоски имала обврска да изврши селекција на пристигнатите творби, иако членовите на комисијата деновиве изјавија дека нивна задача била само да одберат три најдобри песни.

Каевски изјави дека чувствува морална, но не и друг вид одговорност за објавување на збирката. Одговорноста за направениот избор и за содржината на збирката ја лоцира кај членовите на надворешната комисија, но и кај раководителот на секторот кој ќе биде суспендиран и кој ја доставил збирката до Арс Ламина.

Тој, исто така  вели дека во случајот постојат и видливи прекршувања на законски одредби од Законот за издавачка дејност.

„Како директор не сум дал никаква писмена и усмена согласност да бидам уредник, а притоа АМС неможе да биде издавач на збирката поезија „Млади поети“ , а овластеното лице неможе да биде уредник за истата имајќи ги предвид нормите во Законот за издавачка дејност“, рече Каевски.

Овој проект се спроведува четири години, а оваа година првпат тој како директор и Агенцијата биле наведени како уредник и издавач. Претходните години тоа не било случај. Тој нагласи дека не дал согласност да биде уредник, а како тоа се случило дополнително ќе се утврди.

 

Арс Ламина го добила тендерот за „Млади поети“ кој првично изнесувал 400 илјади денари, а потоа со наддавање го добила за околу 180 илјади денари, за печатење и дистрибуција.

Збирката е испечатена во 5.000 примероци, а АМС нема точна бројка колку досега се дистрибуирани.

За објавувањето на двете песни под лажен идентитет, Каевски изјави дека МВР веќе презело иницијатива за расчистување на случајот.

Александар Блажевски од Ресен, конкурираше на огласот за млади автори  на Агенцијата за млади и спорт  користејќи го името на својот студент Даниел Пиљаковски.

 

 

АМС Дарко Каевски комисија мерки Млади поети раководител суспензија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.