Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Мијалков, Грујевски и Николиќ имаа пристап до прислушуваните броеви

0
By Нова ТВ on November 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2019 12:15

„Звонко Костовски никогаш не ми даваше налог на ливче или усно да маркирам некој број. Од Надица Николиќ добивав наредба да им доделам на репродуцерите, кој од нив, кој број да го слуша“, истакна сведокот Марјан Јанкуловски, поранешен вработен во УБК, на денешното судење за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконско следење на комуникациите.

На прашање на обвинителот Трајче Пеливанов, Јанкуловски рече дека пристап до фолдерите со маркирани броеви имале Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ кои со таквата привилегија имале можност да ги видат броевите, да ги прислушуваат разговорите и да ги читаат СМС пораки. Сведокот ги „режел“ ЦД-та со снимените разговори од кои дел биле со судски наредби, а дел не и без судска наредба и ги предавал дисковите на Надица Николиќ. Само еднаш имал барање од Горан Грујевски да му сними цедиња со разговори од Зоран Заев.

Јанкуловски, на денешното рочиште за предметот „Таргет-Тврдина” за незаконското следење на комуникациите, кажа дека без наредба и под псевдоними биле прислушувани и Мендух Тачи и Арбен Џафери.

„Имаше чудни псевдоними кои ги знаевме само ние оперативно. Се знаеше дека „швалер” е Тачи, а „деда” е Арбен Џафери. Сомнително ми беше што за нив немаше наредба, а тие цело време беа вклучени на системот за прислушување. Со Звонко Костовски разговарав дека нешто не е во ред, тој ми велеше дека не знае за тоа. Во УБК паралелно работеа двата система за комуникација, и Најс и Верин. На едниот вежбавме, а на другиот тековно се одвиваа прислушувањата“, рече Јанкуловски.

Сведокот учествувал и во комисијата за уништување на опрема за прислушување.

„Еден викенд нè викнаа и опремата товарена на камиони се однесе на отпад каде беше уништена на преса. Наредба добивавме од Никола Бошковски каде да се уништи опремата, а на уништувањето присутни беа и Тони Јакимовски и Горан Грујовски“, посочи Јанкуловски.

Уништувањето на опремата било снимено со камера. Сведокот бил еднаш на уништување на опремата, но дел од комисијата била уште еднаш да се доуништи.

„Никола Бошковски ми се јави пред да дадам изјава во СЈО, тој и ме однесе до Обвинителството и попат ми кажа што да кажам пред обвинителите. Тој ми се јави кога завршив со исказот во СЈО и дојде да ме земе од дома и на еден паркинг ме прашуваше кои одговори сум ги дал. И Горан Грујовски ми се јави за време на истражната постапка, беше во паника и ми рече дека ќе нè апселе за викендот и дека би било фино со семејството да не бидам во Скопје бидејќи и тој немало да биде дома. Тој ми рече ако има некој проблем да се јавам кај некој адвокат Перо и ми даде број. На втората средба со Грујевски на тефтер ми пишуваше што треба да одговорам ако ме испрашуваат пак“, изјави Јанкуловски.

Кажа дека добил листа од Надица Николиќ  да приклучи 10 броеви и во нив го препознал бројот на неговиот син. Кога ја прашал, таа му рекла дека Грујевски и кажал оти тоа се кандидати за вработување и сакал да се стават за слушање.

Рочиштето за „Таргет – Тврдина“ ќе продолжи на 12 декември со вкрстено испрашување на сведокот Марјан Јанкуловски, на барање на одбраната заради подобра подготовка и поради високата телесна температура на обвинетиот Сашо Мијалков која ја имал од утринава

Минатиот месец како сведок во овој случај се појави премиерот Заев. Тој рече дека материјалите во кој имал увид, според начинот на кој биле анализирани, синтетизирани, а потоа доставени до тогашниот претседател на владата, Никола Груевски наведуваат дека незаконското масовно прислушување се вршело во МВР-УБК.

Верушевски во „Таргет – Тврдина“: Груевски e креатор на прислушувањето, обвинетите плаќаат за него

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март во 2016 година, за предметот „Таргет“ на 18 ноември истата година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни во 2017 година.

Во споениот предмет „Таргет – Тврдина“ обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, како и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 година до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20.000 граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ.

Горан Грујевски прислушување Сашо Мијалков сведок Таргет-Тврдина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.