Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка: Нулта толеранција за измама и корупција

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ВЕСТИ
Фото: hurriyetdailynews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 21, 2020 12:28

Проектот за итен одговор на состојбата со ковид-19 одобрен неодамна, ќе помогне во напорите за заштита на граѓаните на Северна Македонија од пандемија, да се одговори на итните здравствени приоритети, а ќе обезбеди и социјална помош за најранливите категории во земјата, соопшти денеска Светска банка.

„Посветивме големо внимание на интегритетот на проектниот дизајн и сериозно ja земаме во предвид загриженоста околу проектот и неговата имплементација. Проектот ќе помогне на Република Северна Македонија во детекција, превенција и одговор на заканата од ковид-19 и ќе го зајакне јавниот здравствен систем. Здравствената компонента ќе го зајакне капацитетот на здравствениот систем преку идентификација и правилно управување со случаите поврзани со ковид-19, вклучително и зајакнуање на капацитетот на Фондот за здравствено осигурување за покривање на зголемените трошоци од здравствени услуги. Компонентата за социјална заштита ќе обезбеди времена поддршка за приходите на оние поединци и домаќинства кои се економски погодени од мерките неопходни за спречување на ширење на вирусот, како одржување физичка дистанца и други рестрикции“, стои во соопштението на Светска банка.

Светска банка дополнува и дека има нулта толеранција за измама и корупција и сериозно ја сфаќа обврската да гарантира дека средствата од нејзината Групација се користат за јасно дефинирани активности, како и дека стигнуваат до наменетите корисници.

„Упатствата поврзани со Светска банка ќе се применуваат за набавка на здравствени материјали, опрема и услуги. Паричните трансфери до домаќинствата се регулирани со јасни критериуми за подобност и имаат механизми за надзор и контрола. Договорите финансирани од Светска банка имаат клаузули што ни овозможуваат да извршиме увид во досиејата на добавувачите и понудувачите во случај на сомнеж за измама и корупција. Светската банка исто така ќе го контролира процесот на набавки, синџирот на снабдување и плаќањата“, објаснува Банката.

Во сите проекти на Светска банка, како што пишува во соопштението, се спроведуваат проверки за да се помогне во справувањето со доверителските ризици.

„Обезбедуваме соодветни аранжмани за финансиско управување за секоја операција како дел од фазата на подготовка. Ќе продолжиме одблизу да ги следиме доверителските ризици и да применуваме соодветни мерки за време на спроведување на проектот. Мерките вклучуваат редовен преглед на доверителските аранжмани на проектот, преглед на трансакциите за набавки, периодични финансиски извештаи и надворешна ревизија на финансиските извештаи на проектот“, наведува Светска банка.

измама Ковид-19 Корупција Македонија Нулта толеранција проект Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.