Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на волонтерството – Црвен крст додели благодарници на волонтерите во државата

0
By Marija Todorovska on December 5, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со пригодна свеченост под мотото „Во заштита на хуманоста“ македонскиот Црвен крст денеска го одбележа 5 Декември – Светскиот ден на волонтерството.

На свеченоста присуствуваа над 150 волонтери и активисти од сите општински и организацијата на Црвен крст на Скопје, при што им беше врачена благодарница за нивниот придонес и улогата што ја имаат во јакнењето на општествената заедница.

-Волонтерството почнало уште со формирањето на нашата организација, а денес, 166 години подоцна, волонтерската служба сѐ уште ја претставува суштината на нашето работење и е еден од седумте основни принципи на Движењето. Над 16 милиони волонтери во светот секоја година активно се вклучени во активностите на националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, односно на секои илјада жители на планетата двајца се волонтери. Тие придонесуваат светот да биде поубаво и побезбедно место за живеење за многу луѓе кои се исправени пред социјални, здравствени и други предизвици, истакна претседателот на Црвен крст на РСМ, Ромел Велев.

На одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството беше нагласено дека во изминатите години над 4.000 волонтери активно се вклучени во програмите на македонскиот Црвен крст. За нив се развиваат нови, пофлексибилни, отворени и комплементарни приоди заради создавање поефикасна мрежа на хуманитарни работници кои се активираат за општото добро во државата.

Свеченоста со свои настапи ја збогатија волонтери од различни генерации со сопствени искуства од работењето во Црвен крст, како и студенти од Факултетот за музичка уметност од Скопје, кои исполнија класични и фолклорни дела.

5 декември благодарници во заштита на хуманоста волонтери светски ден на волонтерство Црвен крст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.