НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Моментно немаме решение за Ковид-19 и можеби никогаш ќе немаме

0
By Нова ТВ on August 3, 2020 СВЕТ
Фото: swissinfo.ch
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека можеби никогаш нема да има сигурен лек за Ковид-19, иако сите се надеваат на спасоносна вакцина против вирусот со кој се заразија десетици милиони луѓе.

„Моментно немаме конечно решение за вирусот и можеби никогаш нема ниту да има“, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Гебрејесус и директорот на СЗО за итни програми, Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење на маски, одржување на физичка дистанца, миење на раце и тестирање.

„Пораката до луѓето и владите е јасна: Направете сè“, рече Гебрејесус на брифинг во Женева.

Тој рече дека маските треба да станат симбол на солидарноста ширум светот. Рајан, пак, апелира дека земјите со висок степен на трансмисија на коронавирусот, меѓу кои се Бразил и Индија, треба да водат голема битка.

„Излезот е долгорочна и постојана посветеност“, истакна тој.

Претставниците на СЗО изјавија дека тимот за истражување на СЗО, кој бил испратен во Кина од каде потекнува вирусот, сè уште не се вратил. Гебрејесус, исто така, ги повика мајките да продолжат со доење на своите деца и ако имаат Ковид-19, затоа што придобивките значително го надминуваат ризикот од зараза.

Вакцина Ковид-19 лек Мајк Рајан СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.