Browsing: Албанија

Рама во парламентот изјави дека законот е работен заедно со ОБСЕ. Целта e „заострување на законските рамки, за да се овозможи регулација и дисциплинирање во оваа џунгла“, изјави албанскиот премиер коментирајќи го пејсажот на онлајн медиуми во земјата

Тројцата киднапери се уапсени. За двајца од нив е одредена мерка притвор, а третиот, кој е жител на Струга, ќе се брани од слобода. За ослободување на македонскиот државјанин побарале 250.000 евра  

Европскиот сеизмолошки завод соопшти дека епицентарот бил на 23 километри од Драч, 42 километра северозападно од Тирана и со јачина од 4,5 степени по Рихтеровата скала што е најсилен по разорниот земјотрес на 26 ноември во кој загинаа 51 лице, а околу 2.000 се повредени. Два земјотреса ноќеска беа регистрирани и во БиХ

Според него, 3.480 луѓе се без дом во округот Тирана во кој 15 згради се целосно уништени, 239 се оштетени и осум се надвор од употреба. Во Драч се регистрирани 701 оштетен објект, од кои 12 се целосно уништени, а 176 се оштетени

Според наводите на светските сеизмолошки станици, епицентарот бил југоисточно од Драч на длабочина од 20 км. Ова е најсилен земјотрес во Албанија во последните 30 години кој предизвика силна вознемиреност меѓу граѓаните во Македонија кои будни го дочекаа новиот работен ден

Реакцијата на синот на познатиот филантроп и основач на Фондацијата отворено општество Џорџ Сорос, дојде по негативната одлука на Европскиот совет за отпочнување преговори на Албанија и на Северна Македонија со Европската Унија

Според началникот на полицискиот комесаријат на аеродромот во Тирана, Прпарим Дема ова е една од најголемите операции за депортрање на доброволна основа, „што се смета за помошен елемент во спречувањето на неправилното движење во шенген зоната“.