Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дојче веле: Макрон го поткопува кредибилитетот на ЕУ на Балканот

0
By Нова ТВ on October 19, 2019 ВЕСТИ
Фото: euractiv.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 19, 2019 09:32
Северна Македонија и Албанија нема да започнат преговори за пристапување со Европската унија затоа што францускиот претседател не го дозволува тоа. И тоа може да го остави Балканот во конфликти и на други сили, коментира Бернд Ригерт, дописник на Дојче веле од Брисел во авторскиот текст за случувањата по дводневниот Самит на ЕУ и неможноста на европските лидери да се договорот за преговори со Скопје и Тирана.
„Разочарување има во Северна Македонија и во Албанија. Тоа е разбирливо. Според Европската комисија, Европскиот парламент и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, двете земји од Западен Балкан ги исполниле условите за започнување на преговорите за ЕУ. Од 2003 година, тие и другите балкански земји добија еврпска перспектива. Северна Македонија ги исполнува барањата уште од 2009 година, а Албанија од минатата година. Откако Скопје го реши спорот со Атина околу името, Македонците веруваа дека на овој самит на ЕУ, конечно, ќе добијат зелено светло за почеток на преговори. Но, тоа експлицитно го одбива само еден европски лидер, францускиот претседател Емануел Макрон. Уште двајца други, холандскиот премиер и данската премиерка, се сокрија зад Макрон и одбија разговори со Албанија“, стои во текстот на Ригерт.
Неразумното вето на Макрон ја втурнува Европската унија во двојна криза со кредибилитетот – едниот на Балканот, другиот во самиот Брисел.
Колку вредат ветувањата на ЕУ доколку не се исполнат дури и по реформите и напорите на кандидатите? – Зошто експертите во Европската комисија, која знае да биде критична, со години ги проверуваат кандидатите ако на крајот е доволно „не“ од Париз да ги направи бројните резултати од проверката безвредни?
Идниот претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која се залага за евроинтеграција на балканските држави, ќе има големи тешкотии со француското противење. Не помага тоа што Макрон прво овозможи таа да дојде на позицијата, а сега е навреден што не успеа да помине неговата кандидатка за Европската комисија. Макрон е лут на Брисел. Исто така, не помогнаа ниту гаранциите од канцеларката Ангела Меркел, која се залага за проширување на ЕУ.
Кредибилитетот на ЕУ и последиците во балканските земји, фрустрацијата и падот на подготвеноста за реформи, очигледно не се толку важни за францускиот претседател, како внатрешните аргументи што тој ги изнесе. Секако, зад вратот му е десничарската популистичка опозиција, која повеќе не сака имигранти во Франција и зборува против Европската унија. Но, тоа сигурно не би требало да ја поткопа заедничката политика на ЕУ.
И во Германија, десничарските популисти ги критикуваат настојувањата за проширување на ЕУ. Канцеларката, сепак, тоа досега не ја интересираше.
Шуплив е аргументот на Макрон и дека Албанија не може да ги започне преговорите затоа што многу Албанци бараат азил во Франција. Минатата година во Франција азил добија точно 74 Албанци. Останатите 8.000 се економски мигранти и можат да бидат депортирани.
Поважно прашање е зошто економската состојба во Албанија е толку лоша што многу луѓе ја напуштаат земјата. Процесот на пристапување, што може да трае десет или повеќе години, може да се искористи за економски зајакнување на земјата и приближување до стандардите на ЕУ. Албанија и Северна Македонија не би влегле во Европската унија утре и за нив не би важело веднаш слободното движење на работната сила. Работата е сосема обратна.
ЕУ несомнено извлече лекции од преговорите за пристапување со Бугарија, Романија и Турција. Денес, процесот е многу покомплексен и поригорозен. Натамошните измени на овој процес, што со право ги бара францускиот претседател, можат да се случат и за време на преговорите, а не задолжително пред нив.
Процесот на пристапување никогаш не бил ригидна проверка, туку секогаш дава можност да се реагира на ситуацијата во земјите кандидати. Најдобар пример за тоа се 14 годишните преговори со Турција, кои се практично замрзнати поради автократското однесување на претседателот Ердоган.
Без перспектива дека еден ден ќе бидат дел од ЕУ, се загрозува мирот меѓу балканските земји. Влијанието на Русија, Кина и Турција би можело да се зголеми. Тешко е да се замисли дека тоа го сака францускиот претседател.

Аргументите на Франција се слаби. Макрон треба да го преиспита своето вето освен ако и тој самиот не сака да биде популист. Следната можност е самитот на ЕУ во декември“, пишува Бернд Ригерт во авторскиот текст „Макрон го поткопува кредибилитетот на ЕУ на Балканот“.

Албанија датум Емануел Макрон ЕУ Македонија преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.