Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: атлетика
Веста што ја обелодени неговиот менаџер Рики Симс ја пренесе и „Би-Би-Си“. Од австралискиот фудбалски клуб, пак, не сакаа да ги коментираат таквите наводи
Денешната трка низ улиците на македонската престолнина се одржува втора година по ред и овојпат беа пријавени над 1.500 учесници, односно двојно повеќе од лани, кои трчаа под мотото „Секој километар значи“. Трката имаше хуманитарен карактер за поддршка на „СОС Детско село“
Годинашен победник е Еванс Кипкемои Бивок кој на целта пристигна со време од 2:14,08 часа пред сонародниците Џон Лангат (+51 секунда) и Хосеа Кипротич (+14,50 минути). Александар Кираџиев беше најдобар Македонец и го освои петтото место (2:42,48 часа), триумф на Дарио Ивановски во полумаратонската трка (1:09,10 часа)
Русите доминираа во скок во височина, Данил Лисенко победи во машка конкуренција, Марија Ласицкене во женска, Етиопјанката Гензебе Дибаба најбрза на 3,000 метри. Единствен македонски претставник во Бирмингам е Дарио Ивановски ќе настапи во квалификациската трка на 1,500 метри што е закажана за утре напладне (12,15 часот)
Новото најдобро време во дисциплината сега изнесува 6,34 секунди што е за пет стотинки побрзо од Морис Грин од Мадрид во 1998 година
Случајот го лансира британски „Телеграф“ чиј новинар лажно се претставил и снимил разговор на спринтерот со неговиот тренер во тренинг центарот во кој му се нудат забранети супстанции
„Трката доста доцнеше. Тоа беше лудо. Во пресрет на финалето имаше две церемонии на доделување на медали што траеја 40. минути. Се загревавме и чекавме, па пак се загревавме и чекавме. Мислам дека чекањето нè дотепа“, вели Јохан Блејк кој трчаше како трета измена во финалето на штафетата 4х100 метри
Новиот мундијалски шампион истрча до златниот медал за 2:08,27 часа, најдобро време во женска конкуренција беше 2:27,11 часа
Спринтерот од Јамајка го освои бронзениот медал во последниот настап на 100 метри. Сепак ќе има прилика да се пензионира со злато на градите во сабота во штафетната трка 4х100 метри
Нивната експедиција ќе брои вкупно 19 спортисти кои ќе се натпреваруваат како неутрални. Белата, црвената и сината се забранети и на накит, завои, ленти, итн. Во случај да освојат злато, при прогласувањето ќе биде интонирана химната на ИААФ, а се предвидени казни доколку некој ја пее руската
Причина за повлекувањето на актуелниот шампион на 800 метри е повреда, наведуваат британските медиуми. Одлуката да биде само гледач на СП ја потврди и лично тој преку својот Твитер профил
Несекојдневниот настан на Блесинг Окагбаре (28) се случи во првата серија во натпреварот во скок во далечина за рамки на митингот во Осло во рамки на Дијамантската лига. Промената на имиџот што беше тајна за неа и нејзиниот стручен штаб стана хит на интернет