Browsing: авион

Авионот во кој имало повеќе од 50 патници, меѓу нив и деца, полетал нормално во седум часот и при прелет над Драч почнал да испушта црн чад што се појавил и во пилотската кабина и почнал да се шири во внатрешноста

Безживотното тело на Аргентинецот беше извадено и идентификувано по падот на авионот „пајпер“ во Ла Манш. Потврда на наодите од обдукцијата стигна и од британската полиција по што последен поздрав упати и Кардиф, клуб во кој младиот напаѓач направи трансфер од Нант за 17 милиони евра

Леталото од типот „пајпер“, што исчезна од радарите на 21 јануари, е лоцирано на дно на морето, пренесува британскиот ТВ сервис. Приватната агенција (ААИБ) што беше ангажирана од семејството на аргентинскиот напаѓач ја извести јавноста дека нема да презема натамошни чекори

Англиските медиуми пишуваат за пронајдени перничиња на авионски седишта на плажа во близина на Суртенвил на полуостровот Котентин за кои се верува дека му припаѓаат на леталото со кое младиот аргентински фудбалер во понеделникот тргна на пат од Нант кон Кардиф, но набрзо по полетувањето се загуби на радарите

Благодарение на присебната реакција на пилотот, саудијските играчи, сепак, беа безбедно приземјени на аеродромот во градот на Дон каде во среда од 17 часот ќе играат против Уругвај во рамки на второто коло во групата А