Browsing: Бојан Јовановски

Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски на денешното рочиште рече дека имал несоборливи докази за криминал поврзан со корупција на обвинителката Вилма Рускоска поради што побара нејзино изземање од случајот

Обвинетиот Бојан Јовановски веќе шест месеци е во притвор и во тој период беше подложен на медицински преглед дури 60 пати. Тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна, рече неговиот адвокат Сашо Дуковски

Адвокатот Сашко Бошков и бизнисмените Зоранчо Митровски од Штип и Томе Главчев од Гевгелија се најновите тројца сослушани сведоци во случајот „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски-Боки 13 и второобвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО). Судењето за случајот „Рекет“ продолжува на 27 декември со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, а за 3 јануари на репертоарот во Кривичен суд, во улога на сведоци, се најавени и обвинители кои беа дел од тимот на СЈО

Со денешното неколкучасовно изјаснување на Бојан Јовановски заврши фазата на давање искази во случајот против невладината организација „Меѓународен сојуз“. Обвинителството за организиран криминал и корупција е на потег да реши дали и на чие име ќе покрене обвинителен акт

Министерот за внатрешни работи, на новинарско прашање, одговори дека имал, како што рече, два-три службени контакти со првообвинетиот во случајот „Рекет“ што се однесувале на негови пријави за упад во електронскиот систем на телевизијата, но дека немало никакви други контакти со него или со било кој друг вклучен во криминални активности

Ана Камчева, во својство на сведок во случајот „Рекет“, посведочи дека парите што таа требало да му ги однесе на Јовановски, во сума од 350.000 евра, ѝ ги донела нејзината свекрва Ратка во несесер. Исказ како сведок даде и Мирјана Бошковска Мими, сметководителката на Орце Камчев. Тврдеше дека на трипати во декември 2018-та извадила околу 22 милиона денари, а потоа во февруари уште 38 милиони денари од приватните сметки на Ана Камчева и на Ратка, мајката на Орце. Според нејзиното сведочење, 80 отсто од парите што таа му ги предала на Камчев биле во апоени од 50 евра. Парите ги предала во две спортски торби, едната поголема, а другата помала.Кога ги предала, во двете спортски торби имало 710.000 евра. Следното рочиште е закажано на 25 декември со нови тројца сведоци

Сепак, како што појасни, рекетот одел преку Бојан Јовановски. Таа додаде дека Јанева се јавувала на нејзиниот сопруг Орце Камчев додека беше во домашен притвор за Империја и го убедувала „дека се ќе биде ОК“

Камчев ги негира шпекулациите за вмешаност на премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во аферата. Заев, според Камчев, бил шокиран за што станува збор, а Шекеринска, како што вели, сведокот била злоупотребена и со фотографии што му ги покажувал првообвинетиот Бојан Јовановски. .Рочиштето за предметот „Рекет“ ќе продолжи на 10 декември со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, која денеска не се појави во Кривичниот суд поради температура

Судењето продолжува в петок против првообвинетиот Јовановски, кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и второобвинетата Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“. За разлика од нив, третобвинетиот Зоран Милески-Кичеец уште на почетокот на главната расправа призна вината и вчера доби казна затвор од три години за делото „примање награда за противзаконско влијание“