Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Четврт-финале
По поразот во Лисабон со 2:4, бундеслигашот славеше на домашен терен со 2:0 и се придружи на Челзи, на Валенсија и на Арсенал во големата четворка. Филип Костиќ во 37. минута и Себастијан Роде во 67. минута беа стрелци за тимот од Франкфурт кој во полуфиналето го очекува двомеч со Челзи
Литванскиот состав го совлада Фенербахче со 82:80 додека шпанскиот ја изненади ЦСКА со 78:68. Резултатот во двете четвртфинални серии е израмнет на 1:1
„Граѓаните“ победија со 4:3 против „спарси“ во реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампиони, но екипата од Лондон продолжува во полуфинале благодарние на минималниот триумф во првата средба. Ливерпул и на „Драгао“ го совлада Порто со 4:1 и се потврди како дел од најдобрата четворка во ЛШ и во оваа сезона. „Црвените“ од „Енфилд“ ќе играат со Барселона за место во големото финале на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а Тотенхем ќе игра двомеч со Ајакс
„Копјаниците“ од Амстердам го совладаа Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување на УЕФА. Противник на Ајакс во полуфиналниот двомеч ќе биде подобриот од дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем. По минималниот триумф на Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот меч, Каталонците победија и во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:0
Екипите на ЦСКА М. и на Фенербахче поведоа со 1:0 во четвртфиналните серии во Евролигата. Рускиот гигант ја декласира Басконија…
Лондонските сини со 1:0 ја совладаа чешка Славија, “топчиите“ со 2:0 подобри од наполитанците на „Емирати“
„Црвените“ на стадионот „Енфилд“ го поразија португалскиот состав со 2:0 со головите на Кеита во петтата минута и на Фирмињо во 26., „спарси“, пак, со 1:0 ги совладаа „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Единствениот гол на „Вајт Харт Лејн“ беше дело на Сон во 78. минута, Агеро промаши пенал во 13. минута за гостите од „Етихад“
Првиот натпревар од италијанско-англискиот двомеч е на „Сан Паоло“ на 11 април, реваншот е седум дена подоцна на „Емирати“ во Лондон
Притоа се познатите и термините за кои интервенираше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за избегнување на Јунајтед и Сити да играат во иста вечер или една по друга во Манчестер
„Кралевите“ и во реванш четвртфиналниот дуел ја поразија Џирона со 3:1 (првиот меч го добија со 4:2) и се придружија на Барселона, на Валенсија и на Бетис во борбата за титула. Францускиот напаѓач со двата гола изби на чело на вечната листа на стрелци на тимот од „Бернабеу“
Покрај Каталонците, пласман во полуфинале осигураа и Бетис и Валенсија додека за последниот патник вечерва ќе решаваат Џирона и Реал Мадрид. „Кралевите“ имаат 4:2 од првата средба
Англискиот третолигаш Бартон Албион вечерва на стадионот „Риверсајд“ испиша клупска историја. Во четврт-финалето на Лига купот го совлада Мидлсборо, член…