Browsing: Четврт-финале

„Коцкестата“ репрезентација по цели две децении ќе игра полуфинале на Светско првенство по подоброто изведување на удари од белата точка во дуелот со Русија. Избраниците на Златко Далиќ во среда (20 ч.) на стадионот „Лужники“ во Москва на мегдан со Англија за место во големото финале на 15 јули

„Црвените ѓаволи“ во четврт-финалето ги елиминираа „кариоките“ со 2:1, „триколорите“, пак, со 2:0 го добија мечот со Уругвај. За утре се закажани и преостанатите две четвртфинални пресметки на турнирот во Русија. Од 16 часот на „Космос арена“ во Самара ќе играат Шведска и Англија, четири часа подоцна на стадионот „Фишт“ во Сочи ќе се судрат Русија и Хрватска

Одличниот Италијанец славеше со 6:3, 7:6, 1:6, 7:6 за најголем скалп во неговата кариера и за место во големото финале ќе игра со Доминик Тим од Австрија. Женскиот дел од турнирот носи американско полуфинале меѓу Киз и Стивенс кои во петтите настапи во Париз беа подобри од Путинцева, односно, Касаткина

„Црвено-црните“ попладнево (СЦ „Јане Сандански“, 17 ч.) во реванш четвртфинален дуел со бундеслигашот во кој бранителот на тронот во Лигата на шампиони влегува со гол повеќе од ривалоит по триумфот во „Шпаркасе арена“ пред седум дена со 29:28

Хрватот е прв полуфиналист на Австралија опен, откако водечкиот на АТП листата, поради силни болки, реши да се повлече од мечот при резултат 3:6, 6:3, 6:7, 6:2, 2:0. Нареден ривал на шестиот носител ќе биде Британецот Кајл Едмунд кој, пак, го елиминира Григор Димитров. Настапите на гренслемот завршија и за Елина Свитолина

Бранителот на титулата ја декласира „зборнаја“ со 34:17 и во реприза од полуфиналето на претходниот мундијал, во петок од 17.30 ч., ќе игра против Холандија. Во вториот меч за финале (петок, 20.45 ч.) ќе се судрат Шведска и Франција

Предводени од Горан Драгич и Лука Дончич во шутерското четврт-финале, „змајчеки“ ја поразија Летонија со 103:97 (по четвртини: 34:23, 17:32, 25:11, 27:31). „Фуријата“ претходно ја елиминира Германија по триумфот со 84:72. Денеска на шампионатот и двата преостанати дуела од четврт-финалето. За 17,45 часот е закажан мечот меѓу Грција и Русија, а од 20.30 часот ќе следува и пресметката на Србија и Италија

„Фуријата“ во четврт-финалето ја совлада Германија со 84:72 (по четвртини: 16:19, 18:14, 31:20, 19:19) и за учество во мечот за титулата го чека подобриот од вечерашниот судир меѓу Словенија и Летонија од 20,30 часот

Македонскиот првак го совлада Фленсбург со 26:24 во првиот четвртфинален меч. Штербик одличен на голот со 16 одбрани, Душебаев и Дибиров постигнаа по пет. Реваншот е во четврток во Скопје во 19 ч.

Без голови заврши реваншот меѓу шпанскиот и италијанскиот клуб на „Камп Ноу“. „Бјанконерите“ продолжуваат натаму по убедливата победа во Торино со 3:0. Монако и во реваншот подобар од Борусија Д. со 3:1