Browsing: ДУИ

Со десетте стратешки државни институции заеднички ќе управуваат по еден Македонец и Албанец кои ќе имаат заеднички права за потпишување, флексибилно работно време и пола работен ден во петок, а 13 август, денот на потпишување на Охридскиот рамковен договор, да биде национален ден, истакна меѓудругото кандидатот за премиер на ДУИ

Ако во изминатиот период бевме сведоци на опуштање меѓу граѓаните, сега, по почетокот на изборната кампања, сме сведоци дека дел од ковид мерките се прекршуваат и од поединци кои повикуваа да се почитуваат

Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ја отвори кампањата со презентација на програмата во својот глаев изборен штаб во Старата скопска чаршија, а ДПА со посета на гробот на Арбен Џафери и со презентација на платформата во Тетово. Политичката платформа „Македонски концепт“ тргнува во предизборна кампања од пред ЕУ Инфо центарот во Скопје, а ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија од Битола

Различните таргетирани групи гласачи ќе се привлекуваат на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб, но и Пинтерест), особено младите и неопределените. Популарноста на телевизиите не се намалува и покрај популарноста на онлајн медиумите, но тука се и радијата. За претставување на кандидатите и партиските програми се користат и печатени материјали и билбордите на кои веќе осамнаа пораки за поддршка

Идејата на ДУИ за прв премиер Албанец е популистичка и партијата сама ќе се загуби во неа, истакна лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција. За ВМРО-ДПМНЕ најави пријава за предвремен почеток на изборната кампања