Browsing: Египет

Според него, полигамијата во исламот е ограничена и бара „праведност”, а „ако нема праведност, забрането е да имате повеќе од една жена”. Тој додаде дека практиката на земање повеќе жени произлегува од „недостаток на разбирање на Куранот и традицијата на Пророкот”, дека е често „неправедна кон жените и децата” и повика на промена на начинот со кој се пристапува за женските прашања

Со дводневниот настан во Шарм ел Шеик ќе претседаваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси. Од европска страна ќе присуствуваат 24 од 28 шефови на држави или влади. Добар дел од лидерите своето присуство го потврдија дури откако се обзнани дека на Самитот не доаѓаат суданскиот претседател Омар ал-Башир и саудискиот принц, престолонаследникот Мохамед бин Салман

Ала и Гамал Мубарак, заедно со уште неколкумина други лица, се обвинети за кршење на правилата на работа на берзата и на централна банка, со што на илегален начин оствариле профит. Судското рочиште против нив е закажано за 20 октомври

Абдел Рахим Мохамед, поранешен фудбалер и тренер, беше ангажиран како стручен коментатор на ТВ куќата „Нил спортс“, но возбудата беше преголема за него и по завршување на мечот доживеа мозочен удар. По првата помош што му беше укажана во студио, итно беше префрлен во болница во Каиро, но половина час подоцна беше констатирана смрт

За „фараоните“ денешниот меч ќе биде премиерен на големата сцена по речиси три декади, „ла селеста“, пак, се надева на прекинување на серија без победа во првите мечеви на мундијалите по 48 години. Мечот на „Екатеринбург арена“ е од 14 часот

Египќаните ја имаат најтрофејната фудбалска репрезентација кога е во прашање африканскиот Куп на нации што го освојуваа седум пати низ историјата. Но, сосема е поинаква ситуацијата со Светските првенства. Претстојното во Русија ќе биде третo за нив што го чекаа од 1990 година и турнирот во Италија, откако за СП 2010 и за СП 2014 година беа запрени во бараж мечевите