Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во пресрет на Рамазан Бајрам: Саудиска Арабија во 24 часовен карантин од 23 до 27 мај

0
By Нова ТВ on May 21, 2020 ВЕСТИ
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 21, 2020 09:40

Властите ширум Блискиот исток и во мнозински муслиманските држави ги засилија ограничувањата за движење во пресрет и за време на празникот, во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Со оглед на тоа што Рамазан Бајрам е особено значаен ден за заедницата, а традицијата предвидува големи собири, размена на подароци и заеднички оброци со семејството и пријателите, тоа е особено тежок момент за верниците.

Во Саудиска Арабија властите најавија 24 часовен полициски час од 23 мај, кога почнува Рамазан Бајрам, па сè до 27 мај, последниот ден од празникот. Досега, граѓаните на кралството имаа слобода на движење од 9 часот наутро до 17 часот. Саудискиот Голем муфтија Шеик Абдулазиз ал-Шеик ги повика верниците да ги кажуваат празничните молитви дома, наместо во џамија.

И Универзитетот Ал-Ажар во Египет, што историски се смета за седиште на сунитската исламска мисла, излезе со сличен совет. Советот на стари учители порача дека молитвите за Рамазан Бајрам треба да се изведуваат во домовите затоа што целта на Исламскиот закон е „да се сочуваат животите и да се заштитат од сите опасности“. И властите го засилија полицискиот час во деновите на празникот од 5 до 18 часот.

Во Турција, претседателот Реџеп Таип Ердоган најави дека полицискиот час ќе важи на територијата на целата земја во текот на целиот празник. Ердоган изрази надеж дека потоа „нема да бидат потребни такви ограничувања“.

Египет Карантин Коронавирус празник Рамазан Бајрам Саудиска Арабија Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.