Browsing: економија

Министерот за економија на денешната прес-конференција информира дека угостителските објекти со тераси ќе работат со 20 часот. За екстра лесното гориво, како што рече, сè уште нема донесено одлука и најави жалба на одлуката на Управниот суд за Иловица

На тендерот објавен лани во август беа доставени 44 понуди и по комплетно спроведената евалуација и роковите за жалби се утврди дека од понудените 27 мегавати потпишани се договори за право на користење на премија за вкупно 21 мегават на 29 локации низ целата држава со вкупно 23 инвеститори во 16 општини“, рече министерот за економија

Во извештајот на Европската банка за обнова и развој се предвидува дека на долг рок корона-кризата ќе има умерено влијание врз економијата, при што се очекува економскиот раст да продолжи кон крајот на третиот квартал од годинава, но се нагласува дека доколку мерките на изолација останат во сила многу подолго од предвиденото, рецесијата може да биде многу поголема, па нивото на економски раст од 2019 година нема да може да се достигне во наредните неколку години

Растот во земјата за оваа година, според Според Регионалниот економски извештај на организацијата, се прогнозира да биде меѓу -1,4 и -3,2 проценти. Со документот се опфатени и останатите пет држави на Западен Балкан за кои се предвидува негативен раст меѓу -3 и -5,6 проценти