Browsing: ЕУ

Шефот на италијанската дипломатија денеска престојува во Скопје и на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега, Димитров, истакна дека отворањето на преговори за членство на земјава во ЕУ не смее да забави бидејќи се работи само за политичка волја

Новата методологија обезбедува реверзибилност на процесот, како што бараше Франција, што значи дека преговорите со некоја земја-кандидат можат да стопирани или вратени од почеток доколку не покажува напредок или има назадување. Документот што денеска го објави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји содржи четири столбови: кредибилитет, политичко управување, динамичност и предвидливост односно условеност

Балканот се оцртува како геостратегиско подрачје и тоа е нов момент, вели националниот координатор за интеграција во Европската Унија кој својот став го базира на нацрт верзијата на новата методогија за преговори за членство во ЕУ што официјално треба да биде објавена денеска

Предлогот за нова преговарачката методологија на ЕУ до кој дојде „Дојче веле“ предвидува поделба на процесот во тематски групи и право на земјите-членки да ги блокираат преговорите со кандидатите. Државите кандидати за членство во Унијата во иднина ќе преговараат преку шест кластери во кои ќе бидат распоредени досегашните 32 поглавја

Наместо 60 евра, колку што се плаќаше досега, тие ќе чинат 80 евра, но процедурите ќе бидат малку поедноставни. Во иднина, патниците ќе можат да поднесуваат барање за виза за краток престој (до 90 дена) и тоа шест месеци пред планираниот пат, наместо три месеци како што беше до сега, соопшти Европската Комисија

Британската тинк-тенк организација „Сендбег“ во својот последен извештај укажува дека С. Македонија води во регионот во однос на извозот на струја, а главни купувачи се Грција и Бугарија. ЕУ редовно предупредува дека 16. централи на јаглен во регионот загадуваат колку сите 250 централи на Унијата

За петок е планирана заедничка работна вечера на европратениците со лидерите на парламентарните партии: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Алтернатива и Беса. Неофицијално, се очекува да стане збор и за трите столба врз кои ќе се базираат идните заеднички односи меѓу ЕУ и С. Македонија.