Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: До крај на годината да почнеме преговори, до крај на декадата да бидеме членка на ЕУ

0
By Нова ТВ on May 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 10, 2020 10:03

Во наредните месеци нè очекуваат важни настани за проширувањето. Од Европската Комисија на почетокот на јуни ја очекуваме објавата на предлог-преговарачката рамка за почеток на преговорите со нашата земја, како и редовниот годишен извештај во кој ќе се коментира напредокот на Северна Македонија во сите сегменти, вели во интервју за МИА Бојан Маричиќ, национален координатор за интеграција во ЕУ и главен преговарач за технички прашања.

Според него, реално е да се очекува дека во текот на германското претседавање со ЕУ, во втората половина од годината, да се одржи првата меѓувладина конференција со усвоена преговарачка рамка. Тоа, како што вели Маричиќ, ќе биде официјален почеток на преговори за членство на Македонија во Унијата.

Во однос на барањата на бугарската страна за македонскиот јазик и малцинството, Маричиќ вели дека Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија дава рамка како да ги решаваме разликите без притоа да постојат блокади и конфликти.

„Ние сакаме да влеземе во Европската Унија како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а притоа да сме во пријателство со сите наши соседи. Таа цел е остварлива ако пристапиме кон процесот разумно и самоуверено. Затоа не очекувам вето, туку очекувам интензивна соработка во заеднички интерес на Северна Македонија и Бугарија како блиски соседи“, вели Маричиќ.

Проширувањето на ЕУ не беше споменато на виртуелниот Самит во Загреб. Беше само поздравена одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија. Сега цела Европа е среде пандемија на ковид-19. Кога може да се очекува преговарачката рамка, кога би била одобрена за да се одржи и првата меѓувладина седница, со што вистински би ги почнале преговорите?

„Самитот во Загреб никогаш не беше планиран да биде настан на кој ќе се дискутира и одлучува по прашањето за проширувањето. Овој Самит имаше за цел да ја потврди европската перспектива на државите од Западен Балкан, да испрати сигнал дека ниту во време на пандемијата не се запрени цврстите врски на ЕУ со нашите држави и да се најави економско-инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан кој ќе се промовира на есен. Дискусијата и одлуките за проширувањето се случија кон крајот на март, кога на 24 март беше донесена, а на 26 март потврдена одлуката на Советот на министри на ЕУ и на Европскиот совет за почеток на преговори со Северна Македонија и со Албанија. Во наредните месеци треба да очекуваме битни настани за проширувањето. На почетокот на јуни Европската комисија ќе ја објави предлог-преговарачката рамка за почеток на преговорите со нашата земја, како и редовниот годишен извештај во кој ќе го коментира напредокот на Северна Македонија во сите сегменти. Потоа се очекува неколку месечна дискусија и усогласување на преговарачката рамка со сите држави членки и со нас како држава којашто преговара за членство. Согласно редовната динамика низ која минаа и Србија и Црна Гора, тој процес трае неколку месеци. Затоа, реално е да се очекува во текот на германското претседавање со ЕУ, на есен или на крајот од оваа година да се одржи првата меѓувладина конференција со усвоена преговарачка рамка. Тоа ќе го означи официјалниот почеток на нашите преговори за членство“

Дали сметате дека барањата на Бугарија за прашањето за македонскиот јазик и малцинството би влијаеле или би го забавиле процесот на пристапување, како и конечниот влез на Северна Македонија во ЕУ? – Дали може да очекуваме ново вето од Бугарија?

„Ние имаме склучено Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија кој дава рамка како да ги решаваме разликите без притоа да постојат блокади и конфликти. Целта на договорот е да гради пријателство, а пријателство и блокади не одат заедно. Силно верувам дека Бугарија е наш сојузник и дека ќе најдеме начин без блокади да ги решиме отворените прашања по дипломатски пат и со експертска помош и улога. Ние сакаме да влеземе во Европската унија како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а притоа да сме во пријателство со сите наши соседи. Таа цел е остварлива ако пристапиме кон процесот разумно и самоуверено. Затоа не очекувам вето туку очекувам интензивна соработка во заеднички интерес на Северна Македонија и Бугарија како блиски соседи“

Администрацијата ќе биде главен столб во преговорите. Дали имаме капацитет за тоа, со оглед на информациите за одлив на стручни кадри од администрацијата?

„Администрацијата ќе биде мотор за преговорите и ќе го носи најголемиот товар на спроведување на европските стандарди кај нас. Силно верувам дека има капацитет да ги почне и води преговорите. Секако, ќе биде неопходно зајакнување со нови кадри кои порано биле во јавниот сектор, но и такви кои доаѓаат од приватен сектор, граѓанско општество, дијаспора или наука. Сите државни и општествени сили ќе мора да бидат на располагање затоа што целото општество се интегрира во ЕУ и секој придонес е вреден и добредојден. Владата ги отвори ширум вратите за ваков кадар и допрва ќе следува нивно поголемо ангажирање“

Дали е целосно формиран преговарачкиот тим? – Дали сте разговарале на кој начин ќе се вклучи граѓанскиот сектор во преговорите?

„Постои пакет на правни акти со кои се формира структурата за преговори на нашата земја уште во летото во 2019 година. Нашата структура почива на концепт на Главен политички и Главен технички преговарач кои постојано се координираат во раководењето на преговорите. Постојат и повеќе помошни тела кои ги координираат активностите на централно ниво (Работен комитет, Преговарачка група, Секретаријат итн.), но исто така се многу важни и работните групи за секое поглавје кои треба да бидат мотор на преговорите и ги обединуваат најдобрите кадри од сите институции. Моделот на вклучување на граѓанските организации е повеќе пати дискутиран и сме многу блиску до усвојување на концепт кој ќе биде функционален, инклузивен и ќе дава добри резултати. Граѓанските организации сакаат да бидат вклучени конкретно, на работно ниво каде се формулираат позициите и ние сме подготвени тоа да го овозможиме. Штом биде усвоен концептот ќе го соопштиме во јавност. Важна ќе биде улогата и на бизнис секторот, синдикатите, науката и другите гранки на власта како Собранието и Судството. До формалниот почеток на преговорите сите овие прашања ќе бидат јасно дефинирани, а сите структури ставени во функција“

Со оглед на новата методологија за преговарање, колку лично сметате дека би траел процесот на преговори?

„Ова е најнеблагодарното прашање бидејќи траењето на преговорите зависи од многу фактори. Дел од нив се објективни, дел субјективни. За нас е најважно да бидеме ефикасни и доследни во спроведувањето на европските правила дома, а тоа се прави со силна политичка волја и со неуморна работа на нашата администрација. Ако сме посветени и ефикасни ќе го скратиме траењето на преговорите. Во просек потребни се пет-шест години за завршување на преговорите, но тоа зависи од посветеноста на државата кандидатка и од апетитот на државите членки на Унијата за прием на нови членки. Србија и Црна Гора, на пример, преговараат повеќе од седум години, а Хрватска ги заврши преговорите за шест и пол години. За нас е најбитно да бидеме во план за првото наредно проширување кога и тоа да биде. Ако си ја завршиме работата на време и ЕУ го исполни својот дел од работата реално е крајот на оваа декада да го дочекаме како држава членка на ЕУ“

Кои поглавја сметате дека ќе бидат најтешки за преговарање?

„Во сите преговори најисцрпни се поглавјата за животна средина, земјоделие и четирите слободи од Заедничкиот пазар на ЕУ. Секако има и други, но овие бараат најмногу напор и внимание“

Дали и конечно С. Македонија како членка на ЕУ ќе може да ги применува европските стандарди, а не само да биде имплементирано на хартија? – Каде сме најслаби, каде треба уште да работиме?

„Северна Македонија како држава членка на ЕУ ќе биде обврзана да ги применува европските стандарди секојдневно и конкретно. Системот на ЕУ предвидува строги механизми за обезбедување на нивната имплементација. Нам секако ќе ни требаа сериозна финансиска поддршка и институционална помош за успешно спроведување на европските правила, а механизмите на ЕУ токму тоа го овозможуваат. Поглавјата животна средина и земјоделие се скапи и бараат многу напор, но и се крајно важни за функционалноста на економијата. Поглавјата поврзани со правосудството, темелните права и правдата се, исто така, отворени во текот на целите преговори како и финансиската контрола, јавните набавки и фискалната политика. Сите овие теми ќе бараат многу внимание од нас, но нашите институции се подготвени да одговорат на сите предизвици и брзо и ефикасно да ги спроведат преговорите“

Бојан Маричиќ Европска комисија ЕУ Македонија Преговарачка рамка преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.