Browsing: ЕУ
Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и се препорачува на Советот на министри да донесе позитивна одлука за земјата во однос на датумот за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, се оценува во Извештајот на Европската комисија до кој дојде дописничката на МИА од Брисел. Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела
Македонскиот шеф на дипломатијата во интервју за грчкиот весник истакна дека е неправедно кон гласачите да велиме дека Договорот од Преспа треба да се поништи, а зад затворени врати да велиме на странските соговорници дека тој е реалност што треба да ја прифатиме
Германскиот амбасадор Томас Герберих во интервју за „Слободен печат“ изрази надеж дека изборната кампања ќе има содржини, а не само меѓусебни партиски обвинувања и додава не би ја нарекол валкана, туку премалку ориентирана кон суштината
Северна Македонија и Албанија можат да ги отворат преговорите со ЕУ за неколку недели, изјави комесарот за проширување Оливер Вархеји кој воедно најавува дека двете земји ќе добијат позитивен извештај од ЕК
Најниска стапка на одобрување на азил, според извештајот на Европската агенција за азил, имаат Македонците и Молдавците со еден отсто. Македонците се, исто така, меѓу лицата кои најмногу повторно аплицираат откако ќе бидат одбиени
Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, порача дека новата методологија за пристапните преговори со Европската Унија не смее…
Од денешниот собир во Солун е упатена голема порака дека не може да се замисли цела, стабилна и успешна Европа…
Францускиот професор Кристијан Лекен од Институтот за политички науки во Париз смета дека проширувањето треба да продолжи и при тоа издвојува три важни препораки за успешноста на овој процес – да се биде реалистичен во ветувањата кон своите граѓани во однос на тајмингот на пристапниот процес, придржување кон основните вредности и нормативниот систем на Унијата и градење на институциите на државата во либерална насока
По најавата на Шпанија за забрзување на постапката за ратификација на Протоколот за НАТО и реафирмираната поддршка за старт на преговорите за членство во ЕУ, како и омекнaтиот став на францускиот претседател Емануел Макрон дека ќе поддржи отворање на преговори со Скопје и Тирана ако резултатите од извештајот што ЕК се позитивни, го прават март клучен месец во календарот за евро-атлантските перспективи на земјата
Непресметливата политика кон Балканот, покажува примерот со Заев, во регионот има дестабилизирачко влијание, пишува „Зиддојче цајтунг.“ Макрон во меѓувреме го релативираше својот одбивачки став, но довербата е нагризана
Го поздравувам усвојувањето на повеќе реформски закони, вклучително и Законот за јавно обвинителство. Нивната имплементација треба да го зајакне владеењето…
Кружевме три пати пред да слетаме во Брисел што можам тоа да го споредам со нашите обиди да почнеме преговори, Се надевам ќе успееме во четвртиот обид, порача министерот за надворешни работи пред синоќешната неформална вечера на лидерите на Западен Балкан со високи претставници на ЕУ во Брисел
