Browsing: Европско првенство

Домаќинот на ЕП подобар од неговиот источен сосед со 32:22. Лука Степанчиќ и Мануел Штрлек беа први стрелци со составот на Лино Червар со шест погодоци колку што постигна и Петар Ненадиќ за поразената репрезентација. Во тимот на Јовица Цветковиќ, кој се загуби во второто полувреме, се истакна уште Немања Зеленовиќ со пет гола. Франција подобра од Норвешка со 32:31 во дербито на групата Б. Македонија утревечер (19,30 ч.) против Словенија во воведниот настап на континенталниот турнир

Легендарниот плејмејкер дебитира за „фуријата“ на Игрите во Сиднеј и од тогаш освои две континентални титули, една мундијалска и два сребрени медала на Олимпијадите во Пекинг (2008 година) и во Лондон (2012 година)

Таа победи во фрлање ѓуле со резултат 19,24 метри и на тој начин ја одбрани титулата од последното ЕП во Прага во 2015 година. Второто место го освои Бугарката Мавродиева (18,36 метри), трета Леанцјук од Белорусија (18,32 метри)

Хрватските ракометарки загубија од бранителот на титулата Норвешка со 16:34 и за пласман во главната фаза им е потребен триумф над Романија со шест или повеќе разлика во третото коло. Црна Гора ја совлада Чешка со 28:27