Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Формула 1
Британскиот пилот на Мерцедес триумфира за Големата награда на Сингапур со време од 2:03:23,544 часа за голем исчекор кон преземање на тронот од Нико Розберг. Второто место го освои Австралиецот Даниел Рикардо, трет беше Валтери Ботас. Кими Раиконен и Себастијан Фетел останаа без пласман по колизијата со Макс Ферстапен на стартот
По вчерашната пол-позиција, 69 во кариерата, британскиот возач на Мекларен го комплетира успешниот викенд во Италија со денешниот триумф на патеката во Монца и го симна Себастијан Фетел од првото место во генералниот пласман. Второто место го освои Валтери Ботас, како трет заврши Себастијан Фетел. До крај на сезоната остануваат уште седум трки. Првата наредна е за ГН на Малезија на 17 септември
Британецот, попладнево на патеката „Спа Франкошампс“, ја обезбеди 68. во кариерата колку што имаше и германскиот пилот пред стравичната несреќа што ја доживеа за време на скијање во Мерибел, рисорт на француските Алпи. Трката за ГН на Белгија е утре од 14 часот
Германецот ги потврди најбрзите резултати од квалификациите и со време од 1:39:46,713 часа си обезбеди четврта радост во 2017 година. Притоа ја зголеми и предноста во однос на Луис Хамилтон во генералниот пласман на 14 бода пред летната пауза во „летечкиот циркус“ што продолжува на 27 август за трка за ГН на Белгија
Пилотот на Ферари извозе најбрз круг со време 1:16,276 минути за 48 пол-позиција во кариерата. Друштво во првиот ред ќе има во тимскиот колега Кими Раиконен. Трката за ГН на Унгарија е утре со почеток во 14 часот
Британецот по петти пат славеше на британското гранпри, вкупно 57. пат во кариерата, за израмнување на рекордот на Алан Прост во Ф1 трките на Островот. Фетел поради проблеми со пневматици заврпи како седми и остана лидер во генералниот пласман со само бод повеќе од ривалот од Мерцедес. Второто место го освои Ботас, трет беше Раиконен. Наредната трка ќе се вози на 30 јули на патеката „Хунгароринг“ за ГН на Унгарија
Британецот го извозе најбрзиот круг (1:26,600 инути) во квалификациите за утрешното гранпри и се доближи на само еден старт од првото место до Михаел Шумахер (Германецот поведе 68 трки во Формула 1 шампионатите). Трката за ГН на В. Британија е утре со почеток во 14 часот
Финскиот пилот на Мерцедес тргна прв на автодромот „Ред Бул ринг“, стартната предност ја задржа во текот на сите 71 круг и на крај ја прослави втората победа во сезоната пред Фетел и Рикардо. Хамилтон остана без подиум
Германецот останува на оние 10 казнени секунди што му беа доделени уште за време на трката и ја сочува предноста од 14 бода во генералниот пласман во однос на Хамилтон во Формула 1 шампионатот во пресрет на ГН на Австрија на 9 јули
Под негово водство, како поранешен извршен директор, тимот со седиште во Вокинг, Англија, беше еден од најуспешните во историјата на „летечкиот циркус“. Од позицијата беше сменет во ноември во 2016 година. Притоа ги продаде своите 25. отсто акции на инвестицискиот фонд од Бахреин како доминантен сопственик и на Мансур Ожех како малцински и поднесе оставка во управниот одбор
Британецот од Мерцедес беше најбрз на патеката „Жак Вилнев“ во Монтреал со време од 1:33:05,154 часа оставајќи ги зад себе тимскиот колега Валтери Ботас (+19,783 сек.) и Даниел Рикардо од Ред Бул (+35,297 сек.). Фетел заврши на четвртото место, Алонсо се откажа на два круга до крајот. Наредната трка се вози на 25 јуни за ГН на Азербејџан
Британецот оствари најдобро време во квалификациите за ГН на Канада што се вози вечерва (20 ч.) на патеката. Од семејството на починатиот бразилски шампион ја доби на подарок неговата кацига