Browsing: фудбал

„Црвените ѓаволи“ ремизираа (1:1) на „Олд трафорд“ против Евертон. Бод за нив сочува Златан Ибрахимовиќ од пенал во судиското екстра време. Челзи вечерва (21 ч.) го дочекува Манчестер сити во дербито на 31 коло

Италијанскиот првак поведе со голот на Кедира во седмата минута, Хамшик во 60. израмни на 1:1 што беше и конечен резултат на „Сан Паоло“. По триумфот над Емполи, „волчицата“ сега е на минус шест од „старата дама“

„Светците“ во финалето го поразија Монако со 4:1. Дракслер, Ди Марија и на двапати Кавани погодија за бранителот на тронот за седми триумф во натпреварувањето, четврти во низа. Единствениот за екипата од Кнежевството беше дело на Лемар

Лондонските „сини“ беа непријатно изненадени на „Стемфорд бриџ“ од Кристал палас со 1:2, „спарси“ го совладаа Барнли на гости со 2:0, а со ист резултат и шампионот освои три бода против Стоук за четврта победа во низа по разделбата со Клаудио Раниери

Конечната одлука ќе биде донесена на Конгресот во Бахреин во мај оваа година. Африканците би имале 9 места, Азијците осум, по шест од зоните КОНКАКАФ и КОНМЕБОЛ и едно за Океанија. За последните две места би разигрувале шест тима на турнир во организација на домаќинот на мундијалот