Browsing: фудбал

Германската репрезентација е со максимален ефект по првата половина од квалификациите по убедливиот триумф над Азербејџан во Баку со 4:1, англиската, пак, со 2:0 на „Вембли“ ја порази Литванија. Црногорците загубија во Подгорица од Полска, Шкотска ги совлада Словенците на Среќко Катанец

„Лалињата“, по поразот на „Васил Левски“, паднаа на четвртото место во групата А и се најдоа во неприлика повторно да останат без учество на големо фудбалско натпреварување по ЕП 2016. Оттука и експресната одлука на холандскиот фудбалски сојуз (КНВБ)

Нов терен во тренинг кампот на Каталонците ќе биде именуван по легендарниот холандски фудбалер и тренер, во негова чест ќе биде подигната и статуа пред „Камп Ноу“, а клубот побарал од градските власти и улица што ќе го носи неговото име

На Сицилија, вечерва против Албанија, го одиграа 51 меч во историјата и притоа ја забележаа 44 победа со вкупна гол разлика од 131 постигнат гол и само 24 примени. Буфон запиша 1.000 настап во клупската и репрезентативна кариера

Еврогол на Бобан Николов во финишот на првото полувреме и два на Илија Несторовски во второто за очекувана и заслужена победа над Лихтенштајн во Вадуц во квалификациите за СП 2018. Напаѓачот на Палермо не реализира пенал во 90 минута. „Црвено-жолтите“ во вторник во Скопје ќе играат пријателски меч со Белорусија, на 11 јуни ќе бидат домаќини на Шпанија

Покрај финансиската понуда, наполитанците се подготвени да го вклучат и Леонардо Паволети во евентуалната зделка. Откупната клаузула за напаѓачот е двојно поголема од понудената на калчолигашот и премиерлигашот