Browsing: фудбал

Англискиот репрезентативец ќе заработува неделна плата од 100.000 фунти. Меѓу „црвените ѓаволи“ пристигна на возраст од 17 години, за првиот тим дебитира под водство на Луи ван Гал, а оваа сезона има пет гола во 29 настапи

Белгискиот репрезентативец ги постигна двата гола за лондонските „сини“ кои останаа на првото место на табелата со седум бода повеќе од Тотенхем. Арсенал сигурен против Вест Хем (3:0), Тотенхем со пресврт во финишот го совлада Свонси. Од фаворитите не победи сао Ливерпул во дуелот со Борнмут (2:2)

Наполи ја совлада „старата дама“ со 3:2 во реванш полуфиналната пресметка на „Сан Паоло“, но „бјанконерите“ продолжуваат во натпреварувањето благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба

Бранителот на тронот ја совлада Ренова со 1:0, резултат со кој Шкендија загуби од Работнички на „Телеком арена“, и се одлепи на девет бода од тетовци на врвот на табелата. Екипата од Градски парк сега има плус пет од Пелистер во битката за трето место што води во квалификациите за Лига Европа

„Црвените ѓаволи“ ремизираа (1:1) на „Олд трафорд“ против Евертон. Бод за нив сочува Златан Ибрахимовиќ од пенал во судиското екстра време. Челзи вечерва (21 ч.) го дочекува Манчестер сити во дербито на 31 коло

Хофенхајм ги совлада Баварците со 1:0 со погодокот на Хрватот Андреј Крамариќ. Келн со идентичен резултат го победи Ајнтрахт, победи по 3:0 за Борусија Д. и Вердер против Хамбиргер, односно, Шалке

Италијанскиот првак поведе со голот на Кедира во седмата минута, Хамшик во 60. израмни на 1:1 што беше и конечен резултат на „Сан Паоло“. По триумфот над Емполи, „волчицата“ сега е на минус шест од „старата дама“