Browsing: фудбал

„Граѓаните“ со 5:3 го совладаа Монако. Агуеро и Фалкао постигнаа по два гола за своите екипи, Колумбиецот не реализира и пенал за гостите од Монте Карло. Тимот на Диего Симеоне, пак, со 4:2 славеше во Леверкузен и се погрижи за формален реванш на својот „Висенте Калдерон“

Одлуката на тренерот на бјанконерите треба да е јасен сигнал за италијанскиот репрезентативец дека недоличното однесување од петокот против Палермо не се заборавени, па затоа искусниот стопер ќе биде гледач повеќе на „Драгао“

И скопјани и тетовци влегоа со стил во пролетниот дел од фудбалската сезона. Шампионот го порази Шкупи на „Телеком арена“ со 3:0, вицешампионот го совлада Силекс со 2:0. Високи 3:0 и за Работнички во дуелот со Македонија Ѓ.П.

Водечката екипа во петтата лига подобра на гости кај премиерлигашот Барнли со 1:0. Последен тим со фудбалери-аматери што се пласира меѓу осумте најдобри во натпреварувањето е Квинс Парк Ренџерс во 1914 година

Баварците повторно кобни за лондонскиот премиерлигаш од „Емирати“ (5:1) и, слично како и ПСЖ, завршија работа уште во првата половина од осминафиналниот двомеч. Реал во Мадрид со пресврт го совлада Наполи со 3:1

Германскиот репрезентативец во ланската сезона постигна 32 година, а во оваа само пет во 27 натпревари, но раководството на Баварците, и покрај таквиот ефект, нема намера да се раздели со напаѓачот

Тренерот на Барселона го призна поразот и фактот дека француската екипа беше подобра од неговата. Удел во лошото издание на Каталонците имаше и неговата одлука за формациска промена од 4-3-3 во 4-2-3-1 што ја објасни со намерата за Меси да може повеќе да игра со топка

Со два гола на Ди Марија и по еден на Кавани и Дракслер, „светците“ им го нанесоа еден од најтешките порази на Каталонците во Лигата на шампиони. Бенфика со гол предност ќе патува на реванш со Борусија по триумфот со 1:0 во Лисабон

Одо ја презеде екипата во 2015 година и веќе во првата сезона ја однесе во Серија А во која има една победа, шест реми и дури 17 порази и наесен повторно ќе игра во Серија Б