Browsing: фудбал

По пауза од 12 години, Бразилците успеаја до континенталниот трофеј по победата над Перу со 3:1 во финалето на култната „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Стрелци за бразилската селекција беа Евертон во 15. минута, Габриел Жезус во екстра времето на првиот дел и Ришарлисон од пенал во 90. минута. Почесниот за цврстите Перуанци беше дело на Гвереро од белата точка во 44. минута

Стрелци за „кариоките“ во полуфиналето во Бело Хоризонте беа Габриел Жезус во 19. минута и Фирмињо во 71. минута. Бразилците ќе играат за титула против подобриот од мечот Чиле – Перу кој ќе се одигра ноќеска. Финалето е на 8 јули на „Маракана“ во Рио де Жанеиро

Римјаните беа принудени за продажба на грчкиот дефанзивец до крајот на јуни за регистрација на трансфер во фискалната 2018/19 сезона. На „Сан Паоло“ тој заминува како замена за Раул Албиол кој кариерата ќе ја продолжи во Вилјареал, а во спротивен правец се сели играчот за врска, Амаду Диавара кој моментно е со селекцијата на Гвинеја ја Африканскиот Куп на нации

Младата селекција на „црвената фурија“ во финалето на турнирот во Италија ја совлада соодветната германска селекција со 2:1 и на најдобар можен начин ` се реваншира за поразот на ЕП 2017

Играч на натпреварот беше Јаја Банана. Членот на Олимпијакос, кој дел од минатата сезона ја мина на позајмица во Паниониос, во 66. минута погоди за 1:0, а во 69. минута му асистира на Стефане Бахокен за 2:0