Browsing: фудбал

Гостите беа доминантни во текот на сите 90. минути и без проблеми ги понесоа трите бода на пат кон „Жерлан“. Муса Дембеле реализира во 5. минута, Мемфис Депај во 36. минута, а точка на триумфот на Олимпик Л. стави Лукас Тузар во 80. минута

Европскиот шампион постигна четири гола до паузата, во второто го намали притисокот и апсолутно заслужено славеше со 4:1 над ривалот од истокот на Англија како одлична увертира пред УЕФА Суперкуп дуелот против Челзи во среда во Истанбул

Бразилскиот стопер се пресели во тимот од Северен Лондон од екипата на Челзи за осум милиони фунти. На „Емирати“ ова лето пристигнаа и Николас Пепе од Лил за 80 милиони евра, Киран Тирни од Селтик за 27 милиони евра и Дани Себалјос како позајмен фудбалер од Реал Мадрид

„Црно-белите“ ја поразија Малатијаспор со 3:1 и со убава залиха ќе патуваат на реваншот во Турција по седум дена. Стрелци за српскиот вицешампион беа Нигериецот Садик, Јапонецот Асано и Сума од Гвинеја. Македонскиот репрезентативец, пак, го постигна единствениот погодок за АЕК Ларнака во ремито на домашен терен против белгиски Гент

Австрискиот претставник неочекувано славеше во Швајцарија со 2:1 во првиот меч од третото коло и во голема мера ги подгреа надежите дека пласман во плејофот не е невозможна мисија

Порака со ваква содржина е истакна на стадионот „Тумба“ во Солун, па останува да видиме дали овој дел од кореографијата на домашните навивачи ќе влезе и во бележникот на делегатот што ќе значи и поведување на дисциплинска постапка и парична казна за грчкиот клуб

Кипарски АЕК Ларнака славеше во Софија со 4:0, сите четири гола беа дело на македонскиот репрезентативен крилен напаѓач. Малатијаспор, пак, славеше во Љубљана со 1:0 со голот на македонскиот интернационалец за пласман во третото коло. Меѓу стрелците и екс вардарецот Јасир Асани, но неговиот Партизани е елиминиран од Шериф Тираспол

Словенечкиот првак во 3. коло ќе игра со Розенборг, српскиот, пак, го очекува двомеч со Копенхаген. За место во плејофот ќе игра и Динамо Загреб против Ференцварош