Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: фудбал
Премиерата е против Летонија на националната арена „Филип Втори“ со почеток во 20.45 часот. Пристапот останува непроменет како и формацијата во насока на единствена цел – континуитет од настапите од последните десетина натпревари вклучувајќи ги и доминантните во Лигата на нации. Но, и за победнички белег на јубилејниот 100. меч на капитенот во „црвено-жолтиот“ дрес колку што претходно одигра и Гоце Седлоски
Капитенот на македонската репрезентација мина еден час на клупата пред Чезаре Прандели да реши да го испрати на терен со надеж дека токму тој може да направи разлика. И ја направи. Во 72. минута му асистира на Стефано Стураро за 1:0, а во 81. минута со мајсторски удар и самиот се запиша во листата на стрелци за конечни 2:0 на „Луиџи Ферарис“ во Џенова
„Кралевите“ триумфираа со 2:0 со погодоците на Иско и на Герет Бејл во второто полувреме, со идентичен резултат и тимот од „Сан Мамеш“ освои три бода против замаената, по елиминацијата во ЛШ, чета на фудбалери на Диего Симеоне
Струмичките „академци“ го совладаа Силекс со 2:0 во натпревар од 23. коло во домашниот фудбалски шампионат и останаа на второто место на табелата меѓу тетовски и скопските „црвено-црни“. Минимални победи на Шкендија и на Вардар над Работнички, односно, Шкупи
Првиот натпревар од италијанско-англискиот двомеч е на „Сан Паоло“ на 11 април, реваншот е седум дена подоцна на „Емирати“ во Лондон
Притоа се познатите и термините за кои интервенираше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за избегнување на Јунајтед и Сити да играат во иста вечер или една по друга во Манчестер
„Црвените“ славеа на „Алијанц арена“ со 3:1, Каталонците на „Камп Ноу“ го растурија Олимпик Лион со 5:1. Во четврт-финалето во ЛШ, покрај Ливерпул и Барселона, ќе играат и Јувентус, Манчестер сити, Тотенхем, Ајакс, Манчестер јунајтед, Порто. Ждрепката е во петок во Нион
Пет повредени навивачи на Олимпик Лион од кои еден со убодна рана од непознато оружје е билансот од нередите низ…
Португалецот ги постигна сите три гола во триумфот над Атлетико Мадрид во 27. минута, во 48. минута и во 86. минута од пенал за осми трострел во кариерата во Лигата на шампиони. „Граѓаните“ немилосрдни против бундеслигашот на „Етихад“ над кого славеа со 7:0
„Волчицата“ го совлада Емполи со 2:1 во последниот меч од 27 коло во Серија А. Во 80. минута беше исклучен Флоренци, во 88. минута, по прегледување на снимката, беше поништен израмнувачки гол на гостите поради игра со рака
Французинот потпиша договор со „кралскиот“ клуб до 30 јуни во 2022 година, се шпекулира дека ќе добие буџет од 300 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, за евентуално враќање на Кристијано Роналдо кусо порача – „ќе видиме во јуни“
Тимот од Леверкузен славеше со 3:2 во 25. коло во Бундеслигата и ги одржаа шансите за место во групната фаза во шампионската лига на УЕФА за наредната сезона