Browsing: фудбал
Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев ќе играат во финалето на македонскиот фудбалскиот Куп на 22 мај. До третиот меч за…
„Црвените“ на стадионот „Енфилд“ го поразија португалскиот состав со 2:0 со головите на Кеита во петтата минута и на Фирмињо во 26., „спарси“, пак, со 1:0 ги совладаа „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Единствениот гол на „Вајт Харт Лејн“ беше дело на Сон во 78. минута, Агеро промаши пенал во 13. минута за гостите од „Етихад“
Македонскиот репрезентативен фудбалски напаѓач го постигна единствениот за сицилијанците во триумфот над Верона (1:0) во меч од 30. коло во Серија Б. Во листата на стрелци се запиша во 46. минута и одигра цел натпревар за домашните. Стартер за Палермо беше и Александар Трајковски кој излезе од игра во 87. минута.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со поддршка за капитенот на тимот Џордан Хендерсон по неговата одлична партија во триумфот над…
Термин за фудбал со министрите во Скопје знае да пропушти, но возење мотор во недела не. Премиерот Зоран Заев нема…
Излез од резултатската криза не донесе ниту тренерската смена (Жикица Тасевски поднесе оставка, Баже Лазаревски го наследи) и по ремито (1:1) против Македонија Ѓ.П., дебармаалци ремизираа и со Беласица (1:1) во 26. коло во македонската фудбалска Прва лига
Тоби Алдервејрелд ја смести топката во сопствената мрежа на што кумуваше и Уго Лори со лошата интервенција во финишот на средбата за триумф на „црвените“ на „Енфилд роуд“ со 2:1 кои сега имаат два бода повеќе од Манчестер сити, но и меч повеќе
Долгорочниот договор за соработка доаѓа како награда за Норвежанецот за воскреснување на „црвените ѓаволи“ по нивно преземање од Жозе Мурињо и го прават трет најплатен менаџер во Премиерлигата по Пеп Гвардиола и Маурисио Покетино
„Црвените“ од Градски парк загубија од вардарци со 0:2 во дербито на 24. коло во македонската Прва лига што е трет пораз во низа за нив, па одговорност понесе тренерот кој неотповикливо се повлече од кормилото.
Популарните „змаеви“ на Роберто Просинечки имаа 2:0 по првото полувреме во Зеница, но мораа да се задоволат со реми (2:2) во дербито на групата Ј против грчката репрезентација. Директен црвен картон во 65. минута доби Миралем Пјаниќ
Португалскиот капитен е убеден во брзо заздравување и враќање на терен пришто не го доведува во прашање настапот за Јувентус против Ајакс во четврт-финалето во Лигата на шампиони
Фудбалската репрезентација на северниот сосед одигра 1:1 на стадионот на Бенфика против актуелниот континентален владетел Португалија додека „Гордиот Албион“ ја декласира Црна Гора во Подгорица со 5:1















